Штотуку завршив со читање на делото „Neue Folge der Vorlesungen zur Einführung in die Psychoanalyse“ на Сигмунд Фројд, во превод на „Ѓурѓа“ и на македонски јазик потпишано како „Стравот и нагонскиот живот“.
Навистина интересно дело. Особено ми се допадна последниот дел/предавање – „За светогледот“ каде малку поопширно е разработена вечната борба на науката со религијата, како и оправданоста за доминација на науката над религијата. Еве и два интересни цитати во продолжение.
стр.112
Обичниот човек знае само за една вистина, за вистината во вообичаената смисла на зборот. Тој не може себеси да си претстави што е тоа повисока или највисока вистина. Исто така, вистината за него нема степенување, како ни смртта, а во скокот од убавото до вистинитото човекот не може да учествува.
стр.116
Религијата е само илузија и својата сила ја црпи од тоа што им излегува во пресрет на нашите нагонски желби.