Веќе навистина ми досади да го правам муабетов ама имаше денес неколку ситници, па да поделам. Риверсофт дефинитивно не продава компјутери со ваучери легално… или барем не оние конфигурации за кои се доплаќа. А во моментов такви се сите, бидејќи нели нема конфигурација со монитор, за помалку од или еднакво на 12.300 денари. Што се случува? Сакаш да купиш компјутер со доплата и како составен дел на истиот да вклучиш и да речеме LCD монитор, на ваучерот т.е. на посебниот формулар се внесува сумата на конфигурацијата без таа да ја вклучува и цената на мониторот. Значи, за ваучер и доплата ти продаваат конфигурација без монитор, што е нели нелегално. Мониторот ти го наплатуваат во вкупната сума, но како посебен дел, на посебен документ, за кој соодветните институции немаат увид или пак имаат увид и се толерантни. Патем општиот впечаток што го имав додека се наоѓав во просториите на компанијава, беше дека јас сум дошол таму да земам нешто гратис или да се ценкам, а сигурен сум дека таков впечаток немаше да добијам ако атмосферата не беше како на пазарче. Јас разговарам со еден од вработените (Персонал-ниов), кога во даден момент, на сред дијалог, влетува познаник на Персонал-ниов, ни го ебе муабетот и јас добивам игнор. Култура алооооооо..!!!

Друга работа… компјутерот го плаќаш на едно место, а го подигаш во магацин што е 15 километри далеку од продажново место. Тоа е дополнителен трошок! Да, така можеби се спречуваат дополнителни гужви и се прави подобра организација за вработените, но потрошувачот е оштетен. Нема секој да даде 200 и кусур денари за такси до Сингелиќ и да се врати дома за уште 200 и кусур. Ај што нема, туку и не треба има. Од кога бе поранешните простории на Европски Универзитет се магацин на РиверСофт?!

Трета работа, ако сè уште има некој што не чул, компјутери купени со ваучери се препродаваат за 120€. Таа цена континуирано паѓа…

Поделбата на ваучери и морално и интелектуално го осакати овој и онака неписмен народ.