Денеска бев доведен во ситуација да се расправам со ценетата госпоѓица рецепционерка во сервисот на Anhoch, затоа што очигледно го погодив денот кога нејзината суета расте како квасец. Го погодив денот кога таа пали и гасне!

Спорно за мене беше тоа што, телефонски ми беше кажано дека можно е компјутерот да го донесам на сервис и итно да ми биде поправен, но кога дојдов на рецепција рецепционерката ми соопшти дека тоа не е можно и започна да ми противречи, да ми кажува како сум бил арогантен, да го повишува тонот, да ме навредува, да ме запрашува што си замислувам јас и да констатира дека не е ова моја фирма па како сакам да се однесувам, да ми се заканува дека како резултат на моето итно барање, ќе ми наплателе по тарифникот за услуги по итна постака…

Нормално дека не се воздржав и не останав инертен на навредите. Кавгите продолжија, па потоа ни се приклучи и нејзин колега, за и тој да вика заедно со нас. Наместо да ја смири неговата колешка, за колегата спорно беше тоа што јас го повишувам тонот… По некое време, видов дека воопшто не е важно што јас имам да кажам, па замолчев.

После 40 минутни консултации со сервисерот, си заминав. Тој инсистираше да го оставам компјутерот и по 3 часа да дојдам да го земам, но јас едноставно немав толку време. Проблемот не ми беше решен.

Спорно во консултациите со сервисерот беше следново:

  • мојата графичка била позната како проблематична – се прашувам зошто тогаш ми ја продале и зошто воопшто ја продаваат?
  • ако сум го оставел компјутерот, ќе ми ставеле уште еден кулер – зошто не ми ставиле уште еден кулер досега, ако од тоа имало потреба?
  • со ситна доплата ќе сум можел да си купам подобра графичка картичка – кога прашав колку треба да доплатам, сервисерот се нечкаше, па потоа се врати со објаснувањето дека за 1 час ќе добиел одговор за сумата…

Во Anhoch купувам речиси 10 години, но повеќе нема да го правам тоа. Никогаш!