Се минимализирав до даска! Ова е четврта визуелизација за мојот блог и досега е најлесна за очи.

Има многу функционални предности во однос на претходната тема и нуди далеку подобра интеграција на севкупните содржини на Паблишер. Уште поважно, темава е идентична во сите најкористени прелистувачи, па и за некомпатибилностите на претходната тема, се најде лек. Останува уште да почекам да излезе нова верзија од додатокот „Popularity Contest“ што ќе биде компатибилна со WordPress 2.5 и сè да си е на своето место.

Инаку, визуелизацијата се вика „Modicus theme“ – во изработка на Upstart Blogger.