Навистина интересен запис и дискусија.

Блогерот дава одговор на прашањето: Која е најкул работа што можеш да ја правиш користејќи ГНУ/Линукс, а не можеш во Windows или на Mac?

  1. Да го надградиш оперативниот систем со најновата верзија легално и без да треба да плаќаш пари
  2. Најновата верзија од оперативниот систем да работи побрзо од претходната, на истиот хардвер
  3. Едноставно да инсталираш и работиш во различни графички околини т.е. десктопи доколку не си задоволен со основниот
  4. Да инсталираш 20 програми со една команда!
  5. Оперативниот систем автоматски да ги ажурира сите инсталирани апликации за тебе
  6. Да инсталираш иста копија од твојот ГНУ/Линукс оперативен систем без да треба да се грижиш за било какви ограничувања и да внесуваш активациски клучеви
  7. Да раздаваш копии од оперативниот систем без да го кршиш законот, било какви владини, етички или пак морални норми, бидејќи тој е наменет да се користи така.
  8. Да имаш целосна контрола над хардверот во твојот компјутер и да бидеш сигурен дека нема задни влезови (дупки) поставени од малициозните софтверски компании или влади
  9. Да работиш без да користиш анти-вирусна апликација, заштита од adware/spyware и да не треба да го рестартираш компјутерот со месеци, притоа тој постојано да биде ажуриран со најновите надградби
  10. Да го користиш компјутерот без, било кога, да треба да го дефрагментираш хард дискот!
  11. Да користиш нов софтвер и да го избришеш доколку не ти се допаѓа, без притоа да треба да се грижиш да не останат некакви записи во Регистарот, кои би можеле да го забават твојот компјутер
  12. Да направиш грешка што бара преинсталација и истата да можеш да ја поправиш за помалку од 1 час
  13. Да го стартуваш ГНУ/Линукс на 3 години стар компјутер за помалку од 40 секунди (вклучувајќи го времето за внесување корисничко име и лозинка) и притоа да имаш исти ефекти како во Windows Vista (јас би рекол десет пати подобри)
  14. Да менуваш сè што сакаш легално, вклучувајќи ги и твоите омилени програми. Во било кој момент да можеш да се обратиш до развивачите на апликации, да им поставиш прашање, да земеш учество во проектите, па дури и да програмираш доколку знаеш и сакаш
  15. Во исто време, да имаш отворено повеќе од четири прозорци со работни документи, да слушаш музика, да си играш со интересните ефекти во работната околина, да користиш Фајрфокс (интернет прелистувач), да користиш Тандербрд (имејл клиент) и да комуницираш со твоите пријатели преку програма за инстант комуникација (како што е Пиџин), без притоа да треба да молиш некого за да го поправи оперативниот систем, ниту пак да треба да работиш на оперативен систем што е толку спор, што едвај може да се користи
  16. Да ја користиш командата “dpkg --get-selections > pkg.list” (без наводниците) за да направиш листа на сите инсталирани програми на твојот компјутер, да можеш да направиш бекап (резервна копија) на директориумите (папките) /etc и /home на различна партиција или хард диск и да можеш едноставно да го поправиш оперативниот систем во било кое време.
  17. Да користиш повеќе работни околини одеднаш па дури да овозможиш повеќе корисници да се пријават и да го користат оперативниот систем симулатно
  18. Да ја смениш големината на партиција на хард дискот, без да треба истата да ја бришеш и да ги изгубиш податоците што се на неа
  19. Да користиш ист хардвер повеќе од 5 години, пред навистина да е потребно да го промениш. Блогерот вели:

    Јас имам хардвер што е 10 години стар и сè уште работи под ГНУ/Линукс и е корисен.

  20. Да сурфаш на Интернет додека се инсталира оперативниот систем!!!
  21. Да користиш било каков хардвер, за кој во оперативниот систем се вградени драјвери!
  22. Да можеш да го земеш изворниот код за било која програма, па и за твојата омилена.

Претходниве точки се слободен превод на тие од оригиналниот запис. Препорачувам и читање на многубројните коментари кои авторот ги предизвикал.