Извадоци од соопштението за јавност од 3 август 2012 год.

Реголаторната комисија за енергетика на Република Македонија енергично и во целост ги отфрла обвинувањата на политичката партија СДСМ. Во својата работа РКЕ се раководи од Законот, мегународните правила и обврски и од водење сметка за најдобрите интереси на Република Македонија. Нашите одлуки обезбедуваат почитување на Европските директиви и на намалување на вкупните трошоци во Републиката, што е битно за економијата. И со овие одлуки со кои ги прифаќаме обврските превземени со меѓународни акти, Република Македонија има повторно втора најниска цена на ел.енергија во регионот на југоисточна Европа и е една од ретките држави во кои постои евтина тарифа. РКЕ за овој политички притисок кој го врши политичката партија СДСМ ке се обрати до релевантните мегународни тела од областа на енергетиката. Во продолжение со аргументи и факти ги објаснуваме нашите позиции и факти.

Значи, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Република Македонија ја спасува Републиката од трошоци, со зголемување на трошоците за населението, притоа нагласувајќи дека треба да бидеме среќни што, барем сè уште имаме евтина тарифа во ноќта? Демек, бидете среќни, можеше да биде и полошо.

Единствена причина за укинувањето на ефтината дневна тарифа во периодот од 13:00 до 16:00 за секој ден, освен недела, е да се намалат трошоците за увоз на електрична енергија. Во Република Македонија електричната енергија се увезува во текот на денот по цена која што е повисока за 50 % од ноќната енергија. Од друга страна, АД ЕЛЕМ располага со вишоци на електрична енергија во ноќните часови, кои што доколку не се превземат од потрошувачите создаваат дополнителни трошоци на АД ЕЛЕМ од 8 до 10 %, заради потиснување на термоелектраните Битола и Осломеј. Со оваа мерка се испраќа сигнал до потрошувачите на електрична енергија дел од својата потрошувачка на електрична енергија во текот на денот да ја префрлат во ноќните часови, по 22:00 часот. На овој начин, ќе се намалат трошоците за увоз на електрична енергија во дневниот период и до максимум ќе се искористат домашните производни капацитети, со намалени трошоци од 8% до 10%, поради што ќе се намали и цената на електрична енергија на крајните потрошувачи, вклучувајќи ги домаќинства.

  1. Зошто се зголемиле потребите за увоз на електрична енергија во Република Македонија?
  2. Зошто не се инвестира во домашните производни капацитети, за тие да се оспособат да произведуваат 8% до 10% повеќе електрична енергија?
  3. Зошто не се намали бројот на часови со евтина тарифа во ноќта, за да се задржат трите часа со евтина струја во текот на денот?

Во периодот од септември 2009 година до јуни 2011 година, со финасиска подршка на Европската Комисија, Регулаторната комисија за енергетика реализираше проект за институционално зајакнување, кој што беше во најголем дел фокусиран на тарифните реформи во електроенергетскиот сектор. Една од најбитните препораки на реномираните меѓународни консултанти беше:

– укинување на ефтината дневна тарифа во периодот од 13:00 до 16:00 за секој ден поради непотребно создавање на дополнителни трошоци кои што ја зголемуваат цената на електрична енергија.

  1. Зошто Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија се нафаќа да имплементира препораки на „реномирани меѓународни консултанти“, што се на штета на населението во Републиката?
  2. Кој побарал реализација на проект за институционално зајакнување и дали континуираните поскапувања на цената на електричната енергија се резултат на институционалното зајакнување? Исто така, во што се состои институционалното зајакнување на комисијата?
  3. Зошто се зголемуваат трошоците на електрична енергија во Република Македонија толку често?

Потребни ресусри:

  • вкупен увоз на електрична енергија во Република Македонија од осамостојувањето до денес, по години;