Како и многу претходни лета, така и ова што во моментов го живееме, во скопската населба Радишани има рестрикции во снабдувањето со вода. Изминативе два-три дена, рестрикциите траат и по 8 часа дневно. Официјалното објаснување од ЈП Водовод и канализација е дека се испразнети резервите на вода. Не се знае, ни зошто, ни како дошло до тоа.

Проблемот со водоснабдувањето на Радишани е долгогодишен, а од година во година станува сè поголем, зашто има сè поголем број на новоизградени станбени објекти што се приклучуваат на постоечката водоводна мрежа. Населбата се шири и има сè помалку вода за сите. Настрана од тоа, постојан проблем е несовесното трошење на водата за пиење и нејзиното пренаменување за полевање на земјоделски, тревни површини и слично.

Сателитски приказ на населба Радишани од Google Earth

Сателитски приказ на населба Радишани од Google Earth

На темава имам пишувано многу пати претходно, а за жал и овој напис нема по многу да се разликува од претходните.

Кој треба да го реши проблемот со водоснабдувањето на Радишани?

  1. Петре Латиновски – градоначалник на општина Бутел
  2. Ицко Стојановски – Претседател на Управен Одбор (УО) на ЈП Водовод и канализација
  3. Сефер Саити – Заменик Претседател на УО на ЈП Водовод и канализација
  4. Никола Ангеловски – УО на ЈП Водовод и канализација
  5. Алајдин Алија – УО на ЈП Водовод и канализација
  6. Венцо Ристовски – УО на ЈП Водовод и канализација
  7. Благоја Неделковски – УО на ЈП Водовод и канализација
  8. Богдан Шкет – УО на ЈП Водовод и канализација
  9. Бранислав Митиќ – УО на ЈП Водовод и канализација
  10. Томе Савевски – УО на ЈП Водовод и канализација
  11. Милена Апостоловска – УО на ЈП Водовод и канализација
  12. Христо Аиновски – Претседател на Надзорен Одбор (НО) на ЈП Водовод и канализација
  13. Иљаз Бајрамов – НО на ЈП Водовод и канализација
  14. Даниела Штерјова – НО на ЈП Водовод и канализација
  15. Драган Тодоровски – НО на ЈП Водовод и канализација
  16. Благој Кекенов – НО на ЈП Водовод и канализација

Апелирам до новинарите почесто да пишуваат на оваа тема, со што би се зголемил притисокот на јавноста и конечно би се помрднале од мртва точка.

Ако не ви преставува проблем, споделете го написов по социјалните мрежи.