По неколку-неделно експериментирање, со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, поврзан со одбележувањето на десетгодишнината од основањето на Слободен софтвер Македонија. Откако успешно ја завршивме работата со логото за хаклабот КИКА, време е за освежување на нашите работни површини! :)

Ви ја претставувам „Слободен софтвер Македонија на тапет“ – позадина за Слободен софтвер Македонија, достапна во пет бои и две јазични варијанти. Позадината вклучува приказ на логото на Слободен софтвер Македонија во вид на тродимензионален објект и два текстуални елементи – еден, со името на организација и друг, со адресата на нејзиниот веб-сајт.

Следува приказ на позадината на македонски јазик, во сите пет бои.

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на македонски јазик

А, еве и приказ на позадината на англиски јазик, исто така, во сите пет бои. Разликата е во тоа што името на организацијата е испишано на англиски јазик.

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на англиски јазик

Позадината ви ја нудам за преземање во формат за широки екрани (16:9 и 16:10), во неколку различни димензии и тоа:

  • 1920×1200 px
  • 1920×1080 px
  • 1680×1050 px
  • 1600×900 px
  • 1440×900 px
  • 1366×780 px
  • 1280×800 px
  • 1280×720 px

Лиценцата на делото е: Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported (CC BY-NC-SA 3.0).

Инаку, позадината е изработена во 3ds max, а рендерирана во слоеви, со V-ray, па, потоа доработена во Photoshop. Го користев оригиналното лого на Слободен софтвер Македонија, но најпрвин морав да го измазнам и да ги прецртам бројките – тоа го правев комбинирано, во Inkscape и во Illustrator. Таа верзија од логото, можете да ја преземете преку врската, доколку ви треба.

Во план ми е, целиот проект да го префрлам во Blender, за да го отворам дизајнот и да овозможам непречено рендерирање и користење во зависност од потребите. Никогаш досега немам правено такво префрлување, па ако има некој, што има искуство со тоа, би му бил благодарен доколку ми помогне. Во меѓувреме, ќе се обидеме да направиме нешто со Арангел, во КИКА.

Доколку има интерес, дополнително би можел да изработам уште варијанти со различни димензии.

#10години не се зафрканција…