• Супер е што конечно е среден звукот. Досега, секогаш кога ќе инсталирав Ubuntu одново, имав проблеми со звукот (имав звук, но тој беше претивок или пак немав звук). Супер е што се додадени контроли за одделни звучници;

    звук во Ubuntu 9.10

  • Супер е што е изменет е ефектот на анимирано затворање на прозорци од 9.04 и сега прозорците се затвораат со едноставен fade-out;
  • Ubuntu Software Center е многу поочигледен начин да се стави акцент на огромниот број на апликации што се достапни за Ubuntu. Супер е што за избраната апликација на корисникот му е понудена и слика од екран. На тој начин би можел веднаш и да види како изгледа самата апликација;

    Бројни апликации во Ubuntu Software Center

    слики од екран директно во Ubuntu Software Center

  • Супер е Palimpsest Disk Utility;

    Palimpsest Disk Utility во Ubuntu 9.10

  • Супер е Ubuntu One;
  • Супер се и подобрувањата на основната визуелизација;

    подобрувања на основната визуелизација во Ubuntu 9.10

  • Супер е што се стартува побрзо и што се исклучува речиси инстантно;
  • Супер е што работи значително подобро.