„9“ е анимиран филм на Shane Acker објавен во 2005 година. Работен е 4 и пол години. За неговата изработка авторот бил инспириран од Jan Svankeyer и браќата Quay.

Мрачна атмосфера, многу прашања, напнатост, несигурност, смрт, бегство, херојство… Вистинско ремек дело!

„9“ – Shane Acker

Краткиот анимиран филм беше награден со студентски оскар на 12 јуни 2005 година. Меѓутоа дури потоа работите почнуваат да стануваат интересни. Во 2006 година филмот е промовиран и на „The Animation Show“. Денес, Shane Acker работи на долгометражна адаптација на филмот, што пред извесно беше најавена со спектакуран трејлер. Долгометражниот филм „9“ ќе биде објавен на 9.9.2009, во продукција на Tim Burton. Подолу можете да го погледнете одличниот трејлер. Сепак препорачувам гледање во HD, преку оваа врска.

Одамна не сум се возбудил вака за некој анимиран филм. Се надевам дека нема да разочара.

Дополнително