Уште една викенд екскурзија со EVN Македонија.
Овој пат, повод беше (како што ме информираа од EVN) изведувањето на градежни работи од некоја компанија, при што бил оштетен 10 киловатен кабел на EVN. Се чекало на полицијата да направи записник, па да се почнело со исправката на дефектот.
Струја снема околу 10:30 часот. Околу 12 часот, кога се јавив да се информирам, се чекаше на пристигнувањето на полицијата – значи на полицијата ѝ треба најмалку час и половина да се одѕве на ехо.
Кога се јавив во 16:45, ме информираа дека записникот бил направен и дека се работело на надминување на проблемот и најдоцна до 18 часот, а можеби и порано, ќе сме добиеле електрична енергија. Електрична енергија добивме неколку минути пред 19 часот.
Неверојатно е колку се зачестени прекините во снабдувањето со електрична енергија во општина Бутел. Како одминува времето, така сè помалку сме во можност да му извадиме 7 дена на последниот прекин во снабдувањето. Претпоставувам дека следниот предизвик ќе биде да се живее со прекини, два пати неделно. Исто така неверојатно, е колку темелни објаснувања даваат операторите на EVN Македонија.
Ги повикувам новинарите, почесто да известуваат за ваквите испади на компанијата, зашто единствено на тој начин може да се изврши притисок за трајно надминување на проблемите на граѓаните.