Вчерашната роденденска прослава на Баланс, за мене беше тешко изводење. Слават роденден, а ставиле влез 200/250 денари и цена на пиво од 130 денари за лименка!!?

Абе, колку сакате години славете, ништо од тоа што (наводно) сте го сработиле не ви вреди, зашто недвосмислено покажувате дека воопшто не ви е гајле за публиката, на која толку цврсто се потпирате. Наместо гестови на добра волја, изненадувања и привилегии за присутните, вчера на Матка практично беше спроведен грабеж. После ова Баланс за мене се тешки фејлери.

The Skopje Connection @ Matka

The Skopje Connection имаа добар настап, иако започнаа час и половина подоцна од планираното. Не понесов фото-апарат, па во оваа прилика еве една фотографија со многу скромен квалитет, направена на Sony Ericsson K750i.

Матка е извонредно место за џез концерти, па се надевам дека во иднина повеќе ќе биде експлоатирана за такви цели. Нека биде ова апел до Skopje Jazz Festival (SJF).