написи : април 2007 год.

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Flex се отвори

Adobe Flex (поточно Flex SDK) од вчера е open source и тоа под Mozilla Public License. Баш се изненадив. Cè тука.

100k за „Joomla!“

Со вкупно 100,000 регистрирани валидни корисници форумот на „Joomla!“ е официјално најголемиот Open Source CMS (Content Management System) форум на планетава! Нешто сум преокупиран со Joomla! во периодов па случајно ми забоде очи веста на насловната. Честитки :)

На „ShipIt“… „Fiesty Fawn“

На 8 дена пред официјалната промоција ShipIt прифаќа нарачки за Ubuntu Fiesty Fawn. Бујрум :)

И официјално

Здраво на сите :) Се надевам дека со своите содржини позитивно ќе допринесам за планетава. Почнав со 3 објави одеднаш, а којзнае со колку ќе завршам ;)

… до Firefox 3

Што сè треба да се случи, пред Firefox 3 и официјално да биде објавен? алфа 4, до крајот на април алфа 5, до крајот на мај алфа 6, до крајот на јуни бета 1, во јули бета 2, во септември официјална верзија, октомври/ноември 2007 Претстојат навистина интересни опции. Да се надеваме дека ниедна од нив […]

Кајмакот

Баш супер :-) Сега ќе биде навистина лесно да се промовира било каква вест онлајн многу брзо и ефикасно. Ми се допаѓа сè што се однесува до проектот на Глиша. Верувам дека брзо ќе стане популарен и ќе биде посочен во многу (ако не и сите посериозни) пишани и електронски медиуми. Си добивме локален Digg […]