написи : октомври 2009 год.

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Arve Henriksen и Jon Hassell на SJF 2009

На четвртата вечер од Skopje Jazz Festival 2009 поминав одлично! Arve Henriksen (и Jan Bang) и Jon Hassell се навистина врвни уметници. Нивните настапи беа во секој поглед уникатни доживувања, за кои вреди да се плати. Задоволен сум што не ги пропуштив. На крајот од вечерта, појдов и на настапот на Chico Pinheiro e Banda […]

Windows 7 е илузија

И покрај тоа што сум голем поддржувач на слободниот софтвер и слободната култура воопшто, за да завршам одредени работи сè уште користам Windows. Слободниот софтвер сè уште бавно напредува на одредени полиња од својот развој, но што е тука е. За сè треба време. Слободниот софтвер безброј пати го има закрпено Windows и го има […]

The Skopje Connection

Само што се вратив од првата вечер на Скопскиот џез фестивал. Ги слушав The Skopje Connection – трио составено од Георги Шарески, Џијан Емин и Лука Аквино. Поминав одлично! Албумот „AmAm“ имав прилика убаво да го ислушам пред настапот и морам да напоменам дека станува збор за врвно издание. Ме потсетува на мелодиите на Chet […]

The Matrix

После неколку години, решив повторно да го гледам The Matrix и да проверам дали филмот и понатаму ќе ми остави толку позитивен впечаток, како впечаток што ми го остави кога за прв пат го гледав. Не само што тоа се потврди, туку симболиката во филмот ја видов (сè уште) толку автентична за актуелното современо живеење, […]

Дополнителни компоненти во Firefox

Читајќи го „Претпазливо со опасни Firefox додатоци“, решив да проверам што стои во мојата листа на дополнителни компоненти во Firefox. Иако од самиот Firefox, веќе бев предупреден за опасноста на која предупредува IТ.com.mk и сомнителната компонента кај мене е веќе деактивирана, сепак листата на дополнителни компоненти ми е преполна со елементи за кои ниту сум […]

„9“ – Shane Acker (2009)

„9“ ме разочара. Навистина очекував повеќе од долгометражниот анимиран филм. Кога првпат го видов краткометражниот филм во 2005 година, бев фасциниран од концептот, приказната и атмосферата во филмот. Денес, гледам дека тие елементи, во меѓувреме, претрпeле драстични измени заради кои „9“ се претворил во потпросечна приказна за мали деца. Мислам дека, во денешно време, ни […]