Толку често почнавме да снемуваме струја во Радишани, што едноставно не можам да постигнам да напишам за секое ново искуство. Гледам дека ниеден медиум го нема покриено настанот за којшто ќе ви раскажувам, па затоа и ќе си земам за слобода да заземам сензационалистички пристап, како што обично знаат да направат про и анти-владините медиуми […]
написи : 2010 год.
Приказ на написи по хронолошки редослед.
Граѓански револт
Граѓански револт од изјавите на Заев. Брееј… мајката! А, јас пак мислев, ќе чуеме за граѓански револт кон постојаните зголемувања на цените на прехрамбените производи, горивата, електричната енергија, кон постојаното намалување на животниот стандард и осиромашување на масите, кон зголемувањето на невработеноста, кон заспаноста на властите, кон национализмот, кон нетолеранцијата, кон апатијата, кон загубените вредности, […]
- 21 декември 2010 год.
- Без коментари
- mkfail, Македонија
Бесплатни слогани за EVN Macedonia
Ја користам оваа прилика да Ве известам дека и по 16 часа без електрична енергија, ние граѓаните од населба Радишани сме живи и здрави. Би сакал да упатам голема благодарност до EVN Macedonia што сè почесто нè уверува и преку реални примери ни покажува дека упорноста во животот се исплати. За возврат, би сакал да […]
- 18 декември 2010 год.
- Еден коментар
- mkfail, Македонија
Размена на чек од Google Adsense
Доколку користите Google Adsense и имате добиено чек со одредена сума на пари, читајте, за да дознаете каква е банкарската процедура за размена на еден таков чек. Јас бев во Тутунска банка и еве што сè ми требаше да го комплетирам моето барање за размена на чек од Google Adsense: Потврда за примен чек за […]
- 24 ноември 2010 год.
- 4 коментари
- Google, Македонија
Стари демократии
Денес дури и најстарите демократии на светот се глуви на потребата од промени. Секој пат кога ќе се појави отпор кон одредена т.н. реформа, се посегнува по пендраци и се врши јавно насилство над неистомислениците. Сепак, луѓето што протестираат се подготвени и пендраци да „кркаат“, зашто и покрај сè, сакаат да се чуе, тоа што […]
- 11 ноември 2010 год.
- Без коментари
- Македонија, политика
The Chekist
Не можам да се сетам, како успеав да стигнам до „The Chekist“ – неверојатно реалистичен филм на Aleksandr Rogozhkin, што прикажува како всушност изгледал т.н. „црвен терор“, за време на руската револуција и руската граѓанска војна. Srubov is a part of CHEKA, the secret police Lenin established after the Bolshevik Revolution. They arrest, interview for […]
- 3 ноември 2010 год.
- Без коментари
- политика, филм
Косоврасти
Како одминува времето, така сè повеќе слушаме за нови испади на нашата несреќна владеачка гарнитура. А и сигурен сум дека, како ќе наближува крајот на нивното владеење, така и притисокот сè повеќе ќе расте. За мене е сосема оправдана загриженоста на жителите на жителите на селото Косоврасти. Не е воопшто тешко да се претпостави дека, […]
- 1 ноември 2010 год.
- Без коментари
- mkfail, Македонија