написи : 2010 год.

Приказ на написи по хронолошки редослед.


RMS во Скопје – 3 јуни 2010

Еве неколку од моите фотографии од настапот на Richard Stallman. Штета што на панорамата (на крајот) има неколку грешки. Сепак, воопшто не очекував дека ќе биде можно фотографиите да се спојат, од причина што публиката (нормално) постојано се движеше додека фотографирав. Ама, ги спои, верувале или не, Microsoft ICE (Hugin и Adobe Photoshop CS5 даваа […]

Стечаен сообраќај

Вчерашната драматична изјава на овој господин и општото однесување на „граѓаните“ на протестот на стечајците се за секаков прекор. Како не разбирате дека со тоа што денес попречувате нечие право, одобрувате во иднина истото право да ви биде вам попречено? Кога човеков вели: „Јас за тоа господине не сум крив што вие немате пари!“ покажува […]

Изгубени

Заврши Lost. Задоволен сум од тоа што имав прилика да го видам во последната епизода, зашто очекував полош крај. Иако во последните две сезони имаше исклучително слаби епизоди што едвај поминуваа, како целина, Lost за мене е успешен проект. Доколку не сте ја гледале последната епизода од Lost, не читајте понатаму бидејќи има спојлери. Последната […]

Викенд 08090510

Да си го документирам викендов… Благодарение на T-homе, ова беше еден од оние викенди што не ги поминувам пред компјутер. Зошто благодарение на T-home? Па, бидејќи почнувајќи од 12 часот во сабота, 8 мај 2010 год., па сè до вечерта во недела, 9 мај 2010 год. (т.е. до пред малку) имав сериозни проблеми со телефонската […]

How to Train Your Dragon

„How to Train Your Dragon“ e еден од поновите и поквалитетни анимирани филмови. За мене беше вистинско освежување и силно го препорачувам секому. Во филмот на поедноставен начин е разработена мошне сериозна тема – мегусебната толеранција. Денес кога човештвото не може да се освести пред предизвиците на иднината и не умее да разбере дека толеранцијата […]

Модерни системи за поскапи услуги

Модернизацијата на системот на услуги на компанијата EVN Македонија е последната голема глупост што помина премолчена од заспаните македонски новинари. Досега не сретнав некои посериозни реакции на оваа тема на блогосферава, па во продолжение ќе се обидам да објаснам зошто модернизацијата на EVN Македонија е државно одобрен грабеж. Да почнам од најочигледните работи. EVN Македонија: […]

Македонските телевизии на Интернет се #mkfail

A1 на Интернет е #mkfail затоа што: често објавува вести што содржат неточни информации; често објавува вести што се шпекулации; често објавува нелекторирани текстови, со печатни грешки дури и во ударните наслови; користи Windows Media Player за видео прилозите од вестите; не нуди можност за прегледување на емисии од сопствената продукција (освен за Студио 2 […]