написи : март 2011 год.

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Firefox 4 без анимации на табови

Сега, откако и официјално е објавена четвртата верзија на Mozilla Firefox, можете во целост да ги тестирате новите можности на ова издание. Во случај да се прашувате како може да се исклучат анимациите при отворањето и затворањето на табови, како и оние при отворањето и затворањето на групите со табови, еве го одговорот. Отворете нов […]

ЗАМП – Музиката не е бесплатна

Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП има нова телевизиска кампања за промоција на почитувањето на авторските права. Зад слоганот „Музиката не е бесплатна“, ред се редат „реномирани“ музичари од Република Македонија, што би требало на обичниот човек да му појаснат, зошто тој би требало да плаќа, за да ја слуша нивната музика […]

Натпревар за официјална маичка за Firefox 4

Во еден претходен запис, спомнав дека, натпреварот за дизајн на официјална маичка за Mozilla Firefox 4 e сè уште во тек, а вчера успеав и да го изработам мојот предлог дизајн, наречен „Simply Four“. Доколку ви се допаѓа, за него можете и да гласате. Би ви бил многу благодарен доколку помогнете во споделувањето на овој […]

Музика од Драган Ѓаконовски – Шпато

На Скопје 2011 – фестивалот на кој Македонија го избра својот евровизиски претставник, на Драган Ѓаконовски – Шпато, постхумно му беше доделена Награда за посебен придонес и ангажман. Но, тоа беше направено толку мизерно, што едноставно ќе беше подобро никој да не го спомнеше Шпато, во контекстот на циркузот на фестивалот. Оливер го спомнува Шпато […]