написи : мај 2011 год.

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Гласам за балонче: постер за конкурсот „Зошто гласам?“

„Гласам за балонче“ е мојот постер за конкурсот „Зошто гласам?“. Ако ви се допаѓа, би ви бил многу благодарен доколку гласате за него со „лајк“ на Facebook. Задолжително погледнете ги и другите дизајни, зашто има навистина интересни идеи. Но, има и такви што се заникаде. Вообичаено за гласање спроведено преку Facebook, некои од тие дизајни […]

Поскапи такси-услуги со попуст

Последното поскапување на такси превозот навистина нема никаква смисла. Која е целта на продавање на поскап такси превоз, кога најголем дел од такси-компаниите даваат некаков си попуст на конечната цена? Вечерва двапати се возев со такси и двапати, крајната цена на превозот беше намалена за одреден процент. На крајот, конечната сума за превозот до дома, […]

Низок притисок во напната атмосфера

Населението од повисоките делови на Радишани (во кое спаѓам и јас), со години има проблем со водоснабдувањето, во текот на пролетните и летните месеци од годината. Штом ќе „пукне“ сонце, населението од подолните делови на населбата, добива речиси континуиран нагон да си игра со водата за пиење со која располага. Се вадат ниви, се мијат […]

Unity, Ubuntu, GNOME 3, Fedora

Мислам дека Canonical многу ја зафркна работата со Unity. Кога се работи за промени на корисничкиот интерфејс, мора да се избегнуваат радикални чекори и мора да се овозможи што е можно помазно преминување кон нова околина. Сметам дека Unity го оддалечува Ubuntu од „мејнстримот“. Доколку планирате да ја надградите вашата дистрибуција на 11.04, имајте го […]

Како се краде на бензинската на Макпетрол на Бутелска

Неколку пати по ред сум забележал дека, кога дополнувам гориво на бензинската пумпа на Макпетрол на улица Бутелска (бензинска пумпа бр. 64), упорно ми ставаат гориво за неколку денари помалку од тоа што го плаќам. Денес, платив и дополнителни 50 дени повеќе од вообичаено. Дополнувам гориво за 2.000 денари, вработеното лице ми става гориво за […]

Што да направите ако Firefox (сѐ уште) ви троши многу меморија?

Кажете му како, самиот да си води сметка за меморијата што му стои на располагање, со додавање на следниов клуч во неговиот регистар. browser.cache.memory.capacity Отворете го регистарот на Firefox со повикување на „about:config“ (без наводници), преку лентата за внесување адреси. Потоа, потврдете дека ќе бидете внимателни со измените. Со десното копче на глувчето, кликнете на […]

Бизнис на македонски начин со „Message“

Работењето со маркетинг-агенции има свои предности и маани. Една од предностите е дека, како самостоен дизајнер, вие нема да треба да се грижите за комуникацијата со крајниот клиент и дека тоа ќе ѝ биде препуштено на самата агенција. Таа ќе се јави во улога на посредувач помеѓу вас, како извршител на сегмент од проектот или […]