написи : јуни 2011 год.

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Веб-банери за протестот против полициска бруталност

Изработив четири банери за поддршка на протестот против полициската бруталност. Два од банерите се со димензии 125×125 px и се поприменливи за блогови. Третиот банер е поголем и посоодветен за портали. Од него изработив и продолжена верзија за големиот протест в сабота (25.06.2011 год.). Сите банери, освен последниот, носат на http://protestira.me/. Последниот носи на страницата […]

Разговор со дежурниот инфо центар на Водовод и канализација

Немаме вода во Радишани. Во 21 часот и некоја минута, се јавувам на 3073010, на дежурниот инфо центар на ЈП Водовод и канализација, да го пријавам проблемот (очекувајќи дека е веќе пријавен) и да се информирам. Оператор Миле: Да… Јас: Добровечер, Водовод и канализација? Оператор Миле: Да… Јас: Со кого разговарам? Оператор Миле: А, кој […]

Површен одговор од МВР за Мартин Нешковски

Каков треба да биде граѓанскиот активизам, за власта (ВМРО-ДПМНЕ) да го види како непартиски? И како тоа партијата над партиите, умее да разликува непартиски од партиски активизам, кога и таа самата во изминативе години, додека ја носи земјата во сè поголема неизвесност, нема направено ниту еден непартиски потег и нема донесено ниту една безусловно корисна […]

Исчистете го Firefox од додатоците што не ги користите

Барем јас, неколку пати досега имам „роварено“ по регистарот на Firefox, барајќи траги од додатоците што повеќе не ги користам. Додатоците за Firefox најчесто оставаат траги во регистарот и по нивното бришење. Тоа се прави, за да се запомнат корисничките прилагодувања, па во случај додатокот во иднина да е реактивиран, истите да бидат прочитани, без […]

Не постои добро влијание

„Зашто да влијаеш врз човек значи да му ја дадеш својата душа. Тој не ги мисли своите природни мисли, ниту гори со своите природни страсти. Неговите доблести за него не се вистински. Неговите гревови, ако постои такво нешто како грев, се позајмени. Тој станува ехо на нечија туѓа музика, актер во улога која не е […]

Зоран Ставревски навредува новинарка

Извор: http://alfa.mk/ Извадок од економските вести на Алфа ТВ на 9.6.2011 год. Актуелниот Министер за финансии, Зоран Ставревски, навредува новинарка нарекувајќи ја „економски неписмена“. Зоран Ставревски: Средствата од ММФ се користат согласно, договорот со ММФ за сите буџетски потреби, а пред сè за подобрување на ликвидноста на стопанството. Основно неразбирање е прашањето како што го […]

Првите писма за Мартин Нешковски се испратени

Нè имаше во мал број, но нè имаше! Повеќе информации за ова, очекувајте наскоро кај Новица.