Ако некој ваш пријател или пријателка од странство, некогаш побара за кратко време да му ја претставите Република Македонија како туристичка дестинација, можеби најсоодветно е да го насочите кон „360 Macedonia“.

nakka-smolarski-vodopadi-makedonija

Панорамска фотографија на Наум од Смоларските водопади во Република Македонија

Веројатно за многумина веќе добро познат, овој веб-сајт овозможува пристап до високо-квалитетни интерактивни панорамски фотографии од познати и не толку познати локации во Република Македонија.

Фотографиите ги изработува Наум Крстановски – Накка, а негови панорамски фотографии од други делови на светот, се достапни и преку „360 Cities“.