На четвртата вечер од Skopje Jazz Festival 2009 поминав одлично! Arve Henriksen (и Jan Bang) и Jon Hassell се навистина врвни уметници. Нивните настапи беа во секој поглед уникатни доживувања, за кои вреди да се плати. Задоволен сум што не ги пропуштив.
На крајот од вечерта, појдов и на настапот на Chico Pinheiro e Banda во Hard Rock. Не беше лошо, но не паднав во несвест.
Инаку, Г-динот Оливер Белопета вечерта напомена дека бил задоволен од тоа како добро се покажала соработката со Hard Rock и вечерите од SJF што се одржуваат таму. За мене вечерите во Hard Rock беа најлошите. Сметам дека во Hard Rock секогаш има премногу „падобранци“ што не знаат да прават ништо друго освен бука и да покажуваат колку воопшто не им е гајле кој е на сцената. Очигледно е дека премногу лесно, многу луѓе се снабдуваат со гратис влезници. Убаво би било во иднина да се запре со оваа пракса и конечно SJF вечерите во Hard Rock да станат пристојни. Секогаш е подобро да има помал број на публика, но таа да биде поквалитетна.
И на самиот крај, една желба. Cibelle ја пропуштив на Offest 2006. Таа подготвува нов албум, што може да биде одличен повод, за наскоро да нè посети пак. Единствено треба некој да ја побара. :)