Да имав повеќе време, повеќе ќе напишев, но немам… па само на кратко. Мислам дека и ова е премногу, ама ајде…
Bei the Fish направиле нова песна со Каролина. Супер!
Извесен Danndy – denibozinovski направил видео клип што содржи сцени од повеќе филмови и реклами и се разбира, не е официјален видео спот за песната.
Решив да оставам коментар, за луѓето да знаат дека видеото меѓу другото содржи сцени од краткиот филм „Lady Dior“, па го напишав следново:
Во видеото се користени (или можеби реков содржани, Дени?) сцени од краткиот филм „Lady Dior“ со Marion Cotillard.
Глупаво е тоа да не се напомене.
Коментарот ми беше избришан по што ја добив следнава порака преку YouTube.
Hey :)
To:gocemMomentot, scenite od Lady Dior – Grey London, stvarno tolku glupavo bese da ne se napomene? :)
Navistina, klasicnata auditorija, znae… i mnogu mnogu glupavo… :)
A zosto ednas ne se pogledni na nestoto kako celosen produkt?
Ili licno imas pridoneseno so John Galliano za inspiracijata za Lady Diro London, pa bas glupavo ti padna? :)
A drugite sceni, za niv znaes, ili konkretno famozniot kratok Lady Dior ti pretstavuvase problem?! :)
Па потоа оставив уште еден коментар, па и тој беше избришан:
Хах, ми го избриша коментарот! Браво Дени!
По што ми беше одговорено на страницата од видеото на YouTube:
И добив уште една порака преку YouTube:
2
To:gocemhttp://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=187373124636506&id=21800612528
http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=183380338366304&id=100000473647915
Se nadevam deka ne ti se “pravata” povredeni.
A da, stojam zad toa deka jas odreduvam sto ke stoi na videoto :)
И така јас ја добив мојата лекција! Дали имало потреба да реагирам одлучете сами.
Danndy се надевам дека барем за момент, ти го направив денот.
За крај еве еден коментар од danielamkd1:
E ova go vikam SVETSKO, ae NASHE! Sekoja chest i za pesnata i za videoto! Vakvi momenti me pravat gorda Makedonka. :)))
Дискусија
Немаш потреба да се замараш и згора на тоа да реагираш за ваква минимини-минорна работа… досега не видов никој да се замара со Грујо и неговите 100 чекори т.е. од каде ја украде идејата ;)
Знам дека те погоди бришењето коментари… relax, гледај го Pink Panther цртаниот и be cool.
Абе дикиз шо се секираш :-) ? Во право си и тука нема збор, ама во оваа напатена од политика земја кај шо ништо уствари не функционира како треба, таквите како овај шо ги злоупотребил филмовите е најмал проблем.Тоа не е во ред ама „ситните“ повреди на авторски права како ова ќе ни се случуваат уште доооолго време.Знаеш кај нас како е вицот… „остај ага за зло време ми е пиштолот“… :-D Овај