poster

Вчера беше објавен првиот трејлер за новиот отворен анимиран филм на фондацијата Blender, наречен „Big Buck Bunny“. За видео со повисок квалитет појдете овде.

Инаку анимираниот филм, треба да биде објавен во април годинава. За оние што не знаат „Big Buck Bunny“ е краткометражен анимиран филм во целост изработен со помош на софтвер со отворен код, меѓу кој најголемиот удел го има отворениот повеќе-платформски софтвер за три-де визуелизација Blender, актуелен со верзијата 2.45.

Официјален веб-сајт на филмот
Официјален веб-сајт на Blender