Немав претстава дека Blizoo го пренасочува сообраќајот од портата бр. 465 (SMTPS) на својата мрежа.
Ако добро сум го разбрал Петар, сообраќајот од динамичките IP-адреси се спроведува преку преку портата бр. 25 низ серверот smtp-relay.cabletel.com.mk што, практично, ги одзема придобивките од користењето на SMTPS.
Здраво Гоце,
Би сакал да те запознаам со неколку работи за мрежата на кабелскиот оператор Близу за кои малку луѓе кои ги користат нивните услуги знаат. Веднаш да ти кажам дека не сум IT високо-образован, меѓутоа па и сум далеку од оние корисници „рестартирај го модемот/рутерот“.
Го користам e-mail на сервисот mail.ru. Кога не сум на мојот лаптоп, се логирам преку веб за да ја проверам поштата, меѓутоа кога сум дома (на мрежата на Близу во Скопје, Кисела Вода) пораките ги проверувам преку Outlook 2013 со IMAP конфигуриран клиент.
До пред извесно време (пред 1 месец) клиентот беше конфигуриран согласно препорачаните подесувања од сервисот mail.ru и сѐ си работеше најнормално, немаше никаков застој во однос на моето користење на поштата. Со писмо од сервисот mail.ru бев известен дека подесувањата (993 SSL – imap.mail.ru/587 TLS – smtp.mail.ru) кои јас од дома за да проверам пошта ги користам треба да ги променам во 993 SSL – imap.mail.ru/465 SSL – smtp.mail.ru поради надградувањето на нивниот систем заклучно со крајот на месец февруари.Тука настанува мојот проблем со нивната мрежа (мрежа без проблеми како тие ја нарекуваат), т.е. интернет мрежата на Близу. Имено, 465 SSL – smtp.mail.ru кај нив (од не знам која причина) е блокирана. Прво мислев дека мојата домашна мрежа е проблем, меѓутоа после повеќекратни тестирања од повеќе уреди и оперативни системи, на повеќе локации (проверував од кај роднини и пријатели за истиот проблем) утврдив дека проблемот е глобален, на целата нивна мрежа. И почнав да реагирам на начините кои мене ми се достапни како потрошувач. Цел февруари месец, јас упорно барав објаснување од Близу зошто тоа е така, на кои барања добивав благородни одговори дека ќе сум контактиран, но не бев. Дури вчера на 01 март јас добив одговор од ИТ оператор на Близу (извесен Никола Николовски) што е одговорот на мојот проблем.
Дечкото ми даде објаснување дека за да можам да користам 465 SSL – smtp.mail.ru морам да поднесам барање за фиксна IP адреса со МЕСЕЧНА претплата од 200 денари (пази цена!). Со моменталната динамична адреса нема да можам да користам 465 SSL – smtp.mail.ru бидејќи нивната мрежа барала исклучиво за smtp да се користи нивниот сервер т.е. smtp-relay.cabletel.com.mk port-25. Било кое друго подесување за smtp према дечково нема да работи и тоа е така неколку години. Е сега, ми дојде нелогично неговото тврдење бидејќи јас претходно на нивната мрежа користев и google mail со IMAP и smtp па одеше без проблеми. И подесувањата 993 SSL – imap.mail.ru/587 TLS – smtp.mail.ru работеа без проблем. Сега, според кажувањата јас сум обврзан да го користам нивниот сервер за праќање пораки (пошто од не знам која причина не сакаат да ја ослободат портата 465 SSL) или ако не сакам така, тогаш фиксна IP и плаќање 200 денари на месец за да се логирам директно на 465 SSL – smtp.mail.ru.
Операторот притоа ми кажа доколку не ми одговара тоа да си го користам web сервисот (а на IMAP) на mail.ru (доколку не плаќам за фиксна IP). И секако, напомена дека тоа не е основ за прекинување на претплатничкиот договор бидејќи јас сепак можам да праќам пораки НО само преку нивниот сервер а не преку друг (наводно претходно имале лоши искуства со праќање на спамови преку нивната мрежа па морале ова решение на штета на претплатник како мене, заради нивната очигледна неспособност да си го решат проблемот). Мене сѐ уште не ми е јасно како јас користев google mail со IMAP и smtp и одеше без проблеми кога дечково упорно тврдеше дека немало шанса тоа да се случува (кога де-факто тоа и се случува/ше).
Не знам зошто инсистираат да користам нивен сервер кога проблемот е многу јасен и не сакаат да го отстранат. т.е. портата 465 SSL не сакаат да ја ослободат. Јас сум сега приморан да користам сервер во кој немам доверба или да плаќам 200 денари за фиксна IP (што е глупост ноторна).
Само за пример, ни T-Home ни Телекабел ни ONE немаат вакви забрани, т.е. 465 SSL кај нив функционира најнормално.Фала ти за времето,
Петар И. Димитров
Благодарност до Петар што сподели повеќе информации за овој проблем со мене.
ДОПОЛНУВАЊЕ #2: Извадок од правилникот во ДОПОЛНУВАЊЕ #1
VII. ЈАВНИ УСЛУГИ ЗА ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ
Член 41
Пристап и користење на јавна услуга за пренос на податоци преку кабелска мрежа
…
(5) Доколку операторот и/или давателот на услуги врши ограничување на претплатниците во однос на достапноста на одредени апликации, содржини и/или услуги, за истото треба да обезбеди јавно достапни информации со детално образложение за причините за ограничувањето.
…
Дискусија
Почитуван Петар,
Ви се обраќаме во врска со вашиот пост за портот 465, комуникација која веќе извесно време е во тек. Точно, го блокираме портот 465. Го блокираме и портот 25. Тоа се портите кои се користат за испраќање на маил сообраќај.
Тие порти ги блокираме заради заштита од испраќање на SPAM пораки од нашата мрежа кон Интернет.
За да го тргнеме блокирањето на овие порти потребно е да се исполни барем еден од следниве два услови:
1. Корисникот да има статичка јавна ИП адреса и да достави до нас барање за поставување mail сервер ( во продажен салон).
2. Компанијата која го хостира маил серверот надвор од нашата мрежа (во случајов mail.ru) да достави изјава до нас дека преку нејзиниот сервер на нашите корисници (со наши ИП адреси) нема да им биде дозволено испраќање на SPAM пораки. Ова го имаме направено со МК хост, неколку факултети и универзитети, неколку оператори во Македонија и др.
Овие забрани се поставени пред неколку години, за да можеме да бидеме отстранети од black list-ите низ целото Интернет пространство (поради што нашите маилови беа (најчесто) одбивани или (поретко) стигнуваа како Junk/Spam пораки).
Еден од основните услови за да бидеме тргнати од тие листи беше да ја заштитиме мрежата од излезен SPAM.
Дополнително, секој оператор има право само еднаш да биде избришан од овие листи, односно доколку повторно бидеме ставени на нив, нема можност за повторно бришење.
Во било кој случај, го очекуваме вашиот одговор на 089 011 011 или пак во некој од нашите салони.
Благодариме на разбирањето.
Со почит,
Близу ДООЕЛ Скопје
Претпоставувам поради тоа што вие ја блокирате портата, статичката јавна IP адреса е бесплатна.
Не знам за Близу, ама нивната конкуренција статичките не ги наплаќа
Да,да, секако :)
http://www.t-home.mk/mk/65/internet/dopolnitelni_uslugi.html
http://neotel.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=11:basic-internet-delovni-korisnici&catid=6&Itemid=35&lang=mk
„…да достави изјава до нас дека преку нејзиниот сервер на нашите корисници (со наши ИП адреси) нема да им биде дозволено испраќање на SPAM пораки.“
Пази, за нивната неспособност да си решат нивен проблем, бараат потрошувачот да се замара и да бара доставување изјава за дрн дрн дрн…Кое непотребно малтретирање.
Друг е муабетот која нормална компанија (заради неспособноста на операторот на потрошувачот) ќе праќа таква изјава. Баш ме интересира кои странски мејл комапнии (со над милион кориснички сметки) им пратиле таква изјава.
Неспособност тука има мал удел, повеќе зависи од к’сметот. Ако оператотот ја има таа среќа да го стават во листите на Spamhaus, тогаш нема разбирачка со тој анти-спам мафијаш. Детали за Близу овдека http://www.spamhaus.org/pbl/query/PBL256854
Условите што ги поставуваат се легитимни (подобра контрола), дури и онаа наплата од 200 денари се само повод самиот да се откажеш од своето барање. Ти имаат понудено решение (нивниот смтп сервер), но ако форсираш да користиш SSL, тогаш чаре ќе мора да бараш на друг начин(место).
Треба да се види дали може да го раскинеш договорот врз база на тоа што Близу не обезбедил јавно достапни информации за промената. А за статичка, Телеком наплаќа 354 денари, Неотел 190, итд,….
Тоа мислам дека е покриено во точката шест од Членот 41 во правилникот од ДОПОЛНУВАЊЕ #1.
Тој член се однесува за квалитет (брзина, достапност (во проценти), испади, трансфер). Колку што знам, ниту еден оператор во својот договор не прецизира технички детали (каква ип адреса, дали може да е натирана, отвореност на порти, мониторинг,…)
Не сакам да го користам нивниот smtp. Сакам да користам го користам матичниот, тој на сервисот.
Не сум сигурен во безбедноста на нивниот.
Во однос на ксметот, мислиш листата ја прават на среќа? Онака како ќе им дојде?
Кажи ми, потрошувачите ли се виновни за тоа, па мораат да бидат долго време осакатени поради баш како што кажав неспособноста на мрежата да се справи со облиците на напад над интегритетот на истата?
Близу има соодветни алтернативи за корегирање на овој проблем. Знаат многу добро и самите.
Не да ги осакатува потрошувачите. И притоа години години да ќути за тоа.
Да, листата ја прават на “среќа” т.е. со некои алгоритми и анализи кои не се транспарентни. Кога може еден Фејс да биде ставен на листа, а потоа магично да го снема, ISP-те неможе да бидат сигурни дека нема да бидат рекетирани. Нај бизарен е фактот дека доволно е само еден неодговорен корисник (една ип адреса доделена димички), па spamhaus да си земе за прво да “оцрнува” цели пулови на адреси, како во случајот на Близу со ставање на цела 20-ка во листа.
И да, потрошувачите се виновни! Т-хоме знае да блокира корисници се додека не се исчисти компјутерот од малициозен софтвер. Справување со проблемот зависи од ресурси, човечки и технички. Колку и да изгледа дека е клише, но тука важи старата поговорка: Колку пари (поволни услови), толку музика (стабилност, отвореност,..)
Оправданието на Близу е бедно!
1. Блокирањето на сервис без најава е спротивно на Законот за Електронски комуникации – денеска СМТП ССЛ, утре Скапј, задутре Вибер ???
2. Работам 15 години ИТ и телекомуникации – никаде не сум сретнал спамер кој користи порта ССЛ сите користат класичен СМТП на 25
3. Има сериозен проблем со користењето на СМТП релеј сервер кај операторот – прво истиот дозволува целосно следење на комуникациите (што за правно лице е неприфатливо) второ го сголемуа ризикот да биде маркиран преку спамер бидејки тој сервер праќа во име на други сервери
4. Промената на условите на услугата е основ за раскинување на претплатнички договор без пенали
5. Изјавата која ја бараат од странскиот оператор е смешна – нема правна основа и бараат нешто што технички неможе да биде предмет на дискусија и гаранција, ме интересира по кои закони и прописи ќе се повикаат за ова
Ќе реплицирам во подточки, да нема непотребно квотирање.
1. Кои членови од законот (или дополнителни правилници) го прават блокирањето на порти незаконско? Ова стваро ме интересира, оти такво нешто неможев да најдам.
2. “Кој еднаш ќе се изгори, и во јогурт дува”. Во овој случај, постои легитимна можност јогуртот да е подгреан.
3. 100% е така.
4. Услугата според договорот останува иста, освен ако во договорот експлицитно е наведено дека се гарантира отвореност на порта 465, или на сите порти.
5. Не е смешна, туку потребна! Тоа ти е како осигурување за автоодоговорност кон трети лица. Би можеле да се повикаат на член 104, став 4, точка б, која вели:
Член 104
Исклучување на претплатникот од комуникациска мрежа
(4) Операторите не се должни однапред да ги известуваат претплатниците за
мерките, доколку со повредата се:
б) предизвикува голема материјална или оперативна штета.
Клучниот термин е “оперативна штета”.
@Gorco
Зборувај конкретно. Вака нафрлани работи како може некој да ги сфати сериозно?
“Кој еднаш ќе се изгори, и во јогурт дува” – Ако се изгореле и веќе со години блокираат порта зошто јавно и транспарентно не кажат за тоа и се изјаснат детално?
Тоа што е незаконско, Гоце го оддели како посебно дополнување. Веројатно знаеш да читаш.
Не е смешна, туку потребна! – Дај биди сериозен. Да, сите светски сервиси на Близу ќе им достават изјави.
И не ми одговори зошто инсистираат преку нивен сервер да одат пораките? И тоа баш преку порта 25?
Како прво, на никој начин не сум поврзан со Близу.
Ја разбирам твојата фрустрираност, и ако некој не чита, тогаш тоа си ти. За почеток, прочитај си го договорот, член по член, па потоа врати се овдека и прочитај повторно што сум напишал, дополнето со Законот и правилникот споменати од Гоце и Бидиков. Ако некаде во договорот е наведено отвореност на порти или подршка на сервиси, тогаш го имаш фатено Близу за м**а, но ако не, тогаш единствена шанса ти е претставка до АЕК каде ќе го наведеш членот 41 од правилникот кој го спомна Гоце.
Зошто Близу вели дека забраните им се со години, а ти имаш приметено проблем пред месец дена, тоа ќе мора нив да ги прашаш, и пак, да поднесеш приговор до АЕК. Во твоите коментари, јас невидов директно прашање до мене за нивното инсистирање на нивен смтп рилеј. Одговорот е едноставен, централизирана контрола од едно место со ефтина реализација, кое пак се вклопува во поговорката Колку пари, толку музика.
Тебе ти е смешно да се бараат изјави, но ти гледаш од страна на корисник. Spamhaus го спомнав затоа што со нив имам директно искуство, и многу добро знам како е да ти стават цели пулови во нивна листа, без никакво објаснување и обавестување. Кога ќе почнат клиенти (посебно правни лица) да ти се жалат дека емаилот не им стига до целта, тогаш сваќаш дека работата не е играчка. Сега, во мрежата го блокиравме портот 25, освен за некои специјални случаи. 465 е слободен, но под мониторинг, и за сега никој не го користи.
Таков детален договор, правниот систем не познава и невозможно е да познава.
Тој дел од прашањето е одговорен. Особено не договор за интернет мрежата во понудата. Во тој случај еден договор би требало да има 1000-6000 страни текст (најмалку, лупам сега) кој би пробал да опфати се. Договорите се типски, нема тука што да дискутираме.
Обврска е на операторот да каже кои услуги ги блокира и поради што. Тоа Близу не го направил до сега. Поминало толку многу време и нажалост за корисниците, Близу не ни пробале да променат нешто на подобро или да реализираат нешто, да имаат подвиг кон резолвирање на овие работи. Мене ми изгледа дека не мрднале со прст воопшто. Едноставно ја блокирале портата и супер – проблемот решен. Корисници – снајдувајте се!
Изјавата е смешна – кој и да е ќе се согласи. Тоа е апстрактен поим. Па сум бил корисник или оператор – нема логика и е сериозно смешна. Не е тоа начин на решавање на проблеми.
@Gorco што мислиш, според тебе кое е логично решение на проблемот?
-Да ми даде Близу јавна IP (не знам зошто ама тоа не сакам)?
-Да ми го раскине договорот без пенали?
-Да ја ослободи портата баш за mail.ru?
Потребни се минимум 3 дополнителни члена во договорите за да се покрие и таа материја. Но тоа значи дека самиот оператор ќе си пука во нога. Тоа неможе ниту Т-Хоме да си го дозволи.
Решение на проблемот е да се ослободи 465 само за mail.ru.
Близу од кога јас знам ги блокира 465 и 25 портата. Барем за во Велес зборувам. Иначе нивни корисник сум скоро 1,5 година и од првиот ден тие 2 порти се блокирани. Сепак 587/STARTTLS е слободна доколку сакаш да користиш некаква “заштита”. Верувам дека кога ова ке го прочитаат и таа порта ке ја блокираат али тоа е тоа. Me интересира зошто викаат дека портите се блокирани поради спамери, кога некој ако е спамер ке им ја искористи и 587. Така?
Да. Има порти подруги од 25 и 465. Како што пишав, специфицираните подесувања на gmail работат т. е. тие порти не се блокирани.
Не знам зошто го блокираат mail.ru кога буквално целиот сообраќај им го контролираат од Kaspersky Lab.
Бидејќи јас не сум IT високообразован, колкава е процедурата да се ослободи 465 само за mail.ru?
Технички, не повеќе од 60 секунди.
Правно, читајќи го ставот на Близу во врска со овој проблем, мојот заклучок е дека ти праќаат порака “Ништо од бизнисот”.
Единстевно ти останува да лобираш до нивната техничка служба.
1.Telekabel ми дадоа адреса гага, и небитно, може Близу корисничката поддршка да ја интензивира и да најде решение. Вака се рамни со телекомот :(
Официјален одговор на приговор кон „Близу“ : http://twitpic.com/dys07j
После објаснувањата што ги дадов на темата, не очекував дека вака ќе тактизираат! Погледни ги датите:
1. Ти си поднел приговор на 3-ти март
2. На овој блог ти одговараат на 4-ти март
3. Последен пост на темата, во овој блог, е на 11-ти март
4. Официјалниот одговор е направен на 12-ти март, скоро на граница од законскиот лимит од 10 дена. Самиот одговор е копи-пасте од 4-март.
Моите коментари беа во насока да се разбере сложеноста на проблемот.
До БЛИЗУ: Игноранти ГОВЕДА (молам Гоце ова да не го цензурира), поради вакви потези си ги губите корисниците, на што сум ви многу благодарен! Ова континуирано го правите и во ТВ сегментот, за што уште повеќе сум ви благодарен!
До ПЕТАР: Единствено ти останува да го раскинеш договорот, а тоа може само да пројде со приговор до АЕК, каде ќе го наведеш погоре споменатиот член 41.
Приговор до АЕК – доставен!
Твоите коментари нема да ја подобрат состојбата кај Близу, иако ти сум реално благодарен за појаснувањата. За мене лично и за моите сфаќања и разбирање.
Меѓутоа, факт е дека не можат да се справат со својата мрежа – и блокираат порта која денешено време се користи многу често за mail сообраќај. Како и што кажа, премногу ефтина реализација на штета на корисниците. А проблемот не е сложен. Имаат многу други опции како да се справат со него наместо конкретново што се спроведува.
Со години е овој проблем нерешен. Замисли сите корисници да достават приговори за овој проблем. Што и реално треба.
Еве го и приговорот до „Близу“ – http://twitpic.com/dyxldy
Нивниот одговор претходно го постирав.
И јас го имам истиот проблем и не сакам моите пораки да одат преку нивниот сервер. Убаво кажа владислав.
Приговарав но нивниот одговор е само да си го сменам outgoing server от ако сакам да ми работи емаилот.
Се најде ли решение за проблемов?
Јас го сменив провајдерот.
АЕК немаа решение за проблемот.
Додуша и не мрднаа од мртва точка тогаш.
Се преселив.
Ептен ептен доцна од моја страна репликава.
Прости.