Со оглед на тоа што претходно немам посетувано вакви настани, не можам да ја направам разликата помеѓу годинешното и изданијата на Blues & Soul Festival од изминатите години, но затоа пак можам да ги разликувам двете одделни вечери во кои се одржаа планираните настапи од Blues & Soul Festival 2008.

Втората вечер беше во целина многу подобра во однос на првата. Барем јас така ја доживеав. Несоодветен, но не во целост, беше настапот на Lance Lopez. Премногу насилен, да не речам тинејџерски. Забележителни настапи имаа и сите останати изведувачи. Лично најмногу уживав во настапот на Matt Schofield Trio.

Еве како изгледаше програмата:

02.07.2008: Венко Серафимов и Д Блузфејкерс (Македонија)
02.07.2008: Lance Lopez (Америка)

03.06.2008: Blues Company (Германија)
03.06.2008: Matt Schofiеld Trio (Велика Британија) (на влезницата е грешно испишано – Schofild)

Мојата скромна галерија:

Венко Серафимов и Д Блузфејкерс на сценаMatt Schofield Trio на сценаMatt Schofield Trio на сценаBlues Company на сцена