Како е возможно, да треба да потпишам изјава дека не сакам да бидам корисник на CableTel, ако никогаш претходно не сум бил корисник на CableTel?
Или некој е многу глуп во CableTel или луѓето откриле фин начин да придобијат корисници.
Како откажан корисник на услугите на локалната кабелска телевизија „ТВ Медија“, која пред извесно време беше купена од страна на CableTel, јас најверојатно сè уште фигурирам во нечии листи на корисници и од мене се бара да појдам во CableTel, да потпишам писмена изјава и да потврдам дека не сакам да бидам корисник на услугите на CableTel.
Сè почна откако за минатиот месец добив сметка за кабловска телевизија од CableTel, на која како што реков ниту сум, ниту пак имам намера да станам корисник. Се јавив и пријавив, па ми рекоа да појдам и да потпишам изјава. Реков дека немам намера да го правам тоа, дека станува збор за недоразбирање од нивна страна и дека самите ќе треба да си најдат чаре. Рекоа дека сè е во ред, дека нема проблем и дека ќе сределе.
Денес повторно ми се јавија да ми кажат да појдам и да потпишам изјава. Повторно реков дека нема да појдам и дека не сакам да потпишувам никаква писмена изјава, по што добив „фала – пријатно“ и повикот беше прекинат.
Имам чувство дека наскоро, некој повторно ќе се јави за истава работа.
Има ли некоја институција каде што можам да го пријавам ваквото однесување на CableTel?
Дискусија
http://www.opm.org.mk/ можеби?
Добив објаснување и извинување.
Добро е што не ти дошле по дома со извршител па да видиш како ќе потпишеш. Кај еден мој пријател така му дојдоа по дома мислејќи нема што да им плаќам јас имав со Кабел сат потпишано договор и оп ете ги на врата. Му собраа ЛЦД телевизор и компјутер па како попче отиде да си плати за да си врати.