Content-aware scaling е една од новините во Photoshop CS4 со кои Adobe особено се гордее.

Зад технологијата се крие мошне корисна можност за интелигентно менување на димензиите на дигитални фотографии без растегнување т.е. без дисторзирање на нивната содржина. Не велам дека технологијата е преценета, ама многу се радувам што веќе има бесплатно решение за проблемот што Adobe би ни го решил за илјадници долари.

Seam Carving GUI е отворена (GPL) апликација достапна за GNU/Linux, Windows и Mac OS X. Хостирана е на Google Code и се разбира е бесплатна за преземање. Со неа постигнав одлични резултати што беа сериозно подобри во однос на тие што ги постигнав на пробната верзија од Photoshop CS4, додека ја тестирав.

Во продолжение погледнете ги приложените примери:

Слика 1 – оригинална верзија

Слика 1 – обработена верзија

Слика 2 – оригинална верзија

Слика 2 – обработена верзија

Сè на сè Seam Carving GUI е супер играчка, a во исто време и сериозно решение за предизвикувачки проблем каков што е редимензионирањето на дигитални фотографии. Драго ми е што ѝ пркоси на индустријата и го разоткрива лицемерието на гигантите како Adobe.

Инаку, за Seam Carving GUI дознав преку Life Hacker.