Не можам да останам рамнодушен на еуфоријата Crysis, иако е веќе ужасно доцна повторно да се крева прашина за нешто од кое сите се загушиле. Во продолжение нема да зборувам како за софтвер со отворен или со затворен код, за неговата цена, за неговата комерцијалност итн… Сакам на Crysis да гледам како на нова реалност или поточно нов тип на реалност, на која е премногу тешко да се одолее. Среќна околност за мене е што конечно поседувам доволно моќна конфигурација што може да се носи со „проблемите“ кои Crysis ги задава, иако морам да напоменам дека кога си го купив новиот компјутер ни најмалку не помислив да играм игри на него…

Немам цел никого да убедувам во ништо, уште помалку да предизвикам серија коментари од типот… и јас можам да ја играм Crysis… кај мене Crysis изгледа поубаво… итн. Сакам само да наведам неколку точки што ги сметам за вредни и да ви понудам една обемна галерија од 70-тина слики, како основа на која ќе ги темелам моите заклучоци. Ја играв Crysis верзија 1.2 (DirectX 10).

  • Crysis бара многу моќен компјутер (или да бидам попрецизен многу графичка процесорска моќ и VideoRAM) за да си играте реално… Мојот Intel Core 2 Quad 6600, надополнет со комбинацијата 2GB Dual Channel DDR2 RAM (800MHz) и GeForce 8800 GT со 512MB DDR3 VRAM едноставно не можеше да ми даде повеќе од 20 слики (фрејмови) во секунда на графичка резолуција од 1280x1024px со сите нагодувања на Very High, на цел екран. Притоа напоменувам дека замазнување (anti-aliasing) немав намера да аплицирам од проста причина што играњето се претвораше во слајд-шоу… Овде е соодветно да напоменам дека и сите слики од екран што се со истите димензии, се земени од активна игра без вклучено замазнување, додека пак неколкуте помали слики со димензии 1024x768px се земени од активна игра со замазнување со интензитет 8x.
  • Crysis го има убедливо најдобриот „мотор“ (engine) на денешницата…
  • Crysis е екстремно, екстремно стабилна игра! Подготвена за буквално секакви околности.
  • Crysis изгледа интензивно реалистично. Можеби е и првата игра што толку дрско и пркоси на реалноста, што води кон размислувањето дека компјутерите навистина можат да направат сè и тоа за релативно малку пари, ако се земе во предвид крајниот ефект. Она што практично практично успева да го прикаже во реално време е со квалитетот на натпросечна три-де рендерирана слика со среден квалитет. Техниката на следење на зрак (ray tracing) е практично основа за во иднина да играме видео игри што ќе бидат сè по реални, а Crysis е еден добар вовед кон тоа. Сончеви зраци, оган, чад, вегетација (дрвја, трева, цвеќиња), релјеф, ВОДА (како никогаш досега), ветер, сонце, магла, атмосфера… Ако сте во вода и непријателите пукаат по вас, секој куршум што ќе предизвика прскање на вода во ваша близина, ќе оствани водени капки на вашите „очи“ (читај вашиот екран или поглед). Сончевите зраци продираат ни лисјата на дрвјата на толку реалистичен начин, како да се чувствува топлината од нив. Облаците се волуменозни. Теренот е многу детален. Непријателите се уверливи… врискаат, се кријат зад препреки, ве гонат многу, многу прецизно и секогаш можете да ги очекувате од зад грб. Се движат човечки, живеат во свои куќарки на островот, се кријат низ густите грмушки, чуваат стража. Сите возила, експлозии, чамци, буриња, куќарки, магацини, ниви со зелки, кокошки, пеперутки, орли, дрвја, карпи… ама сè е интерактивно… сè! Веројатно што и да се каже е бесполезно додека Crysis не продвижи и на вашиот монитор, меѓутоа не смее да не се напомене дека сè од визуелното е 100% во функција на акцијата. Ама баш 100%!
  • Имам завршено само 3 стази од целосната приказна, а со денови интензивно ужувам во играта. Не ја чувствувам истата мејнстрим приказна за спасување на светот од вонземјани… барем не сè уште… веројатно визуелниот впечаток е пресилен…
  • Еден ден во блискава иднина (поточно кога ќе се појави Far Cry 2) ќе имаме прилика да го видиме наследникот на CryEngine2 и веројатно ќе бидеме уште поимпресионирани.

Сакав уште толку многу да кажам, ама некако сфатив дека баш и немаат којзнае каква цел моиве описи. Ако некогаш и некаде имате прилика да ја поиграте Crysis на висок квалитет, немојте да ја пропуштите таа прилика. Ова не е клише, ова е препорака како за ниедна друга игра што досега сум ја коментирал. Некој ден ќе пробам дали можам да ја разработам Crysis под Wine