Ако користите Firefox во комбинација со AdBlock Plus, можно е да сте забележале дека Firefox со вклучен AdBlock Plus работи поспоро, отколку со исклучен. Изгубената брзина е всушност време што AdBlock Plus го троши на отстранување на рекламните елементи и (многу важно) на броење на нивните повторувањата по разни критериуми. Ова второво, можете да го оневозможите, а со тоа ќе придонесете Firefox да работи помазно и да не делува како да се измачува, додека работи.
Подолу пишува што и каде треба да исклучите…
Најпрво, истовремено притиснете ги следниве копчиња на тастатурата – Ctrl+Shift+A – за да отворите нов таб со листата на сите инсталирани додатоци за вашиот профил. Во листата, пронајдете го AdBlock Plus и кликнете на копчето Options. Потоа, исклучете ја опцијата „Count filter hits“, како што е прикажано на сликата подолу.
Доколку, од било кои причини, имате потреба да знаете колку пати, кој филтер на AdBlock Plus бил извршен, не ја исклучувајте оваа опција.
Забележувате дека Firefox работи побрзо?