Вчера (5.06.2008) беше објавена и втората кандидат-официјална верзија од Firefox 3. Јас сум презадоволен и изненаден од една интересна новина (што веројатно си постои од некоја рана бета на Firefox 3, но јас сега ја забележав). Еве во што се состои таа. Сите промени што би ги направиле преку „about:config“ во Firefox 3 се моментални, што би значело дека повеќе нема потреба од рестартирање на Firefox, пред тој да стане свесен за промените, направени во јадрото (регистарот).
Еве еден тест пример:
Повикајте го регистaрот на Firefox 3 со внесување на „about:config“ во адресната линија.
Додадете целобројна вредност (integer) со следново име:
ui.submenuDelay
и потоа доделете ѝ вредност нула (0).
Потоа отворете некоја од папките со обележуважи во лентата на Алатникот за обележувачи или отворете било кое подмени и ќе забележите дека нема да има пауза пред да се покаже содржината на поменито. Во тоа и се состои промената што ја прави целобројната вредност што ја внесовме во регистарот. Разликата помеѓу Firefox 2 и Firefox 3 е во тоа што, Firefox 3 не бара да се рестартира пред да ги освежи вредностите во неговиот регистар. Супер ефикасно!
Дискусија
Истото се постигнува и со:
echo “gtk-menu-popup-delay = 0” > .gtkrc-2.0
Со тоа што ова ќе ги убрза и гноме менијата.