Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет.

Преземете го Firefox 3 утре и учествувајте во поставувањето на гинисов светски рекорд за најпреземен софтвер од интернет. Патем слободно пуштете го муабетот нека струи, а овој веб-постер може да ви послужи за тоа. Колку повеќе луѓе го видат, толку подобро.

Ако сте сигурни дека доаѓате, удрете еден потпис овде.

Се гледаме во Точка!