Firefox logo

За околу една недела би требало да се појави првата бета од Firefox 3, за која денеска особено многу се крена прашина на Digg. Некој се истрчал пред време, нели како што се случуваше и за Двојката, што според мене не е лоша работа.

Мошне љубопитен, стигнав до неофицијалниот билд и морам да кажам дека сум прилично изненаден (Places, подобрено уредување на работната околина, нова генерација менаџер за преземање, Restart Firefox копче, пребарување низ посетените веб сајтови директно од лентата за внесување адреси, и Plugins е во Додатоци, посебен прозорец со информации за прегледуваниот веб сајт, нов сегмент во Опции наречен Applications, менаџерот за лозинки сега прашува за запомнување по најавувањето на веб сајтот…). Коска! Има доволно новини во преден план, а верувам уште стотици пати по толку во заднина. Задоволен сум уште сега, иако станува збор за близу финална верзија. Бета е, па би требало да има уште полирање. За прв пат во Firefox, после дооо…олго користење, во овој билд, ја почувствував цврстината на корисничката околина на Opera. Ми се чини добро :)