После неколку-дневно експериментирање успеав да го проработам Mac OS X Snow Leopard во VMWare. Се служев со овој прирачник, а чиста верзија на Snow Leopard преземав преку овој торент. Инсталацијата се одвиваше речиси праволиниски. По завршувањето добив целосно функционална верзија на Snow Leopard што може да се ажурира со најновите надградби. Snow Leopard во VMWare работи забележително забавено, но со оглед на тоа дека Mac OS X оригинално не поддржува виртуелизација и тоа што работи забавено е успех.
Во продолжение можете да погледнете неколку слики од екран, што ги направив во текот на тестирањето.
- Инсталација на Mac OS X Snow Leopard
- Избор на Македонија во регионалните нагодувања на Mac OS X Snow Leopard
- Преземање на надградби во Mac OS X Snow Leopard
- Прелистување со Firefox во Mac OS X Snow Leopard