скриншотOpen source одговорот на екстра комерцијалните софтверски апликации за DJ-и се вика Mixxx. Mixxx е првиот повеќе платформски open source миксер, наменет за аматерите, но исто така и за професионалните DJ-и. Располага со најголем дел од функциите на комерцијалните апликации така што нема многу пречки тој да стане достојна замена за скапите виртуелни DJ студија. Mixxx е бесплатен, поддржува mp3,wav,ogg, нуди можност за користење хардверски MIDI уреди, овозможува корекција на темпо без менување на пичот итн. Единствената маана му е што не е толку нашминкан како комерцијалните апликации, па на прв поглед делува дури и несимпатично. Тоа не би требало да има врска со функционалноста, ама ете очите сакаат да нѝ бидат излажани… ПРЕЗЕМАЊЕ (3MB)