Ова го забележав денеска…
Мислам дека конечно после многу долго време, сите имаме вистинска причина да се радуваме. Да се надеваме дека по Moneybookers и PayPal ќе го прошири својот бизнис наваму. Доколку ве интересира, погледнете колкави се трошоците за трансфер на средства со помош на Moneybookers.
Ако има некој во Македонија што веќе го користи Moneybookers, убаво би било да ги сподели искуствата овде.
Дискусија
Пред некој ден купив Skype кредит, со тоа што автоматски бев префрлен на Moneybookers, каде платив со Master Card. Не ми беше наплатена провизија за трансакцијата, претпоставувам дека Skype ги покрива и тие трошоци.
Имам купувано од play-asia.com со плаќање преку Moneybookers. Причично лесно оди плаќањето. Провизијата не се сеќавам колку платив што значи дека не била голема сумата.
Јас до сега знам едно 100 души што плаќале на bwin.com преку moneybookers и се оди песпрекорно.
Супер си работат дечките. Знам за регистрација ти зимаат рандом сума од евро и нешто (подоцно тоа ти го враќаат) и потоа треба да се јавиш во банка да ти кажат колку точно ти е земано до сметката (со две децимали мора да внесеш) и потоа таа сума ја внесуваш за да ја завршиш регистрацијата. И понатаму си работиш нормално.
да прашам едно нублерско прашање. овие служат за примање и плаќање пари, нели? колку гледам по интернет, со нашиве дебитни картици може да се плаќа. што е предноста да се плаќа со некој од овие сервиси?
но, поважно, дали може да се примаат пари со некој од овие?