На 12ти декември, среда, со почеток од 20:00 часот во Точка (позади соборен храм) ќе се одржи кратка презентација на лаптопот XO, познат како лаптопот за секое дете. Настанот е организиран од страна на Слободен софтвер Македонија во склоп на проектот „Сподели знаење“. Еве го и распоредот за презентацијата:

  • Почеток на настанот. Вовед и објаснување за гостите.
  • Видео од презентација на Николас Негропонте – Директор на фондацијата OLPC дадена на конференцијата ТЕD
  • Образовните можности на OLPC
  • Технички спецификации и можности на OLPC

Слободен софтвер Македонија веќе целосно го локализираше на македонски јазик, софтверот кој што го користи овој лаптоп, па се надеваме дека ќе успееме да ја ажурираме последната верзија на софтверот која што го вклучува и македонскиот превод.

Се гледаме во Точка!