Забрзајте го WordPress со неколку константи

Анализирајќи ги достапните константи во WordPress открив неколку, што значително влијаат на брзината со која WordPress работи. Па, да споделам…

COMPRESS_CSS

„COMPRESS_CSS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) компресирањето на каскадните стилови (CSS) пред да бидат испратени до клиентот.

COMPRESS_SCRIPTS

„COMPRESS_SCRIPTS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) компресирањето на скриптите (JS) пред да бидат испратени до клиентот.

CONCATENATE_SCRIPTS

„CONCATENATE_SCRIPTS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) спојувањето на каскадните стилови (CSS) и скриптите (JS), во еден пакет, пред да бидат компресирани.

ENFORCE_GZIP

„ENFORCE_GZIP“ овозможува (true) или оневозможува (false) GZIP-компресија на датотеките што се кешираат.

SAVEQUERIES

„SAVEQUERIES“ овозможува (true) или оневозможува (false) чување на кверињата од базата во $wpdb->queries, со цел поедноставно поправање на потенцијални грешки – читај дебагирање. Корисно за веб-сајтови на кои се работи во развојна околина, но непотребно на јавни.

За да ги поставите овие константи, отворете го „wp-config.php“ – сместен во коренот на директориумот на WordPress – и вметнете ги следните вредности.





Промена на RSS на MK GNU/Linux планета

Отсега па натаму, на Планетава, нема да се појавуваат сите записи од мојот блог, туку единствено оние од категоријата „MK GNU/Linux планета“.

Ако ме следите преку македонската GNU/Linux планета, отсега всушност ќе следите само дел од содржините на блогот или само оние што се собрани во каналот:

http://pablisher.nicer2.com/category/mk-gnu-linux-планета/feed/

Ако сакате да ги следите сите содржини, тие остануваат достапни преку каналот:

http://pablisher.nicer2.com/feed/

Фала, Глиша!

Коментар: Операторите и ЗАМП не се договорија

Операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на неколку ТВ канали“ – ова соопштение го сфаќам како бегање од одговорност на операторите и обид за префрлување на вината на ЗАМП.

нема HRT : Нова Македонија

преку Нова Македонија

Како ќе беше оправдано себеиземањето на операторите?

Почитувани корисници Ве известуваме дека операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на …

Бидејќи нема да бидеме во можност да продолжиме со реемитување на вкупно __ канали, а со тоа и ќе нудиме услуги со послаб квалитет, Ве известуваме дека ја намалуваме претплатата за услугата ____________________, за ___ денари.

Е, тогаш ќе ја сфатев искрената загриженост на операторите за (буџетот на) корисниците.

Листа од сите постоечки додатоци во Firefox

Прашањето е: Како да извадам листа од сите постоечки додатоци за мојот профил во Firefox?

Постојат два одговори на ова прашање. Едниот е едноставен за основните корисници, другиот за понапредните.

Одговор за основни корисници

1. Кликнете на копчето „Firefox“ и изберете „Troubleshooting Information“ – „Информации за проблеми“ во Firefox на македонски. Доколку немате копче „Firefox“, опцијата „Troubleshooting Information“ ќе ја најдете во менито „Help“.

Листа на постоечки додатоци во Firefox

Пристапување до about:support или „Troubleshooting Information“ во Firefox 9.0.1

Ќе Ви се отвори нов таб со листа на корисни информации, меѓу кои се наоѓа и табела со информации за постоечките додатоци во Вашиот кориснички профил во Firefox.

about:support во Firefox 9.0.1

about:support во Firefox 9.0.1

2. За да ја зачувате оваа страница во некој вообичаен формат, кликнете на копчето „Firefox“ и изберете „Save Page As…“ – „Сними ја страницата како…“ во Firefox на македонски.

3. Дополнително, изберете дали ќе запишете веб-страница или текстуална датотека на Вашиот диск.

Снимање на датотека во Firefox 9.0.1

Снимање на датотека во Firefox 9.0.1

Одговор за напредни корисници

Отворете нов таб и во адресната лента внесете „about:support“.

Пристапување до about:support во Firefox 9.0.1

Пристапување до about:support во Firefox 9.0.1

Потоа самите одлучете што ќе правите со овие информации или пак погледнете ги чекорите 2. и 3. во Одговор за основни корисници.