Исчистете го Firefox од додатоците што не ги користите

Барем јас, неколку пати досега имам „роварено“ по регистарот на Firefox, барајќи траги од додатоците што повеќе не ги користам.

Додатоците за Firefox најчесто оставаат траги во регистарот и по нивното бришење. Тоа се прави, за да се запомнат корисничките прилагодувања, па во случај додатокот во иднина да е реактивиран, истите да бидат прочитани, без да има потреба да се поставуваат отпочеток.

eCleaner-firefox-addon-cleans-addon-remainings

Приказ на eCleaner 1.0

eCleaner е релативно нов додаток за Firefox, што автоматски ги пронаоѓа сите клучеви што ги имаат запишано додатоците во Firefox. Со тоа ви дозволува, со само еден клик да ги отстраните сите траги што ги оставил одреден додаток. Многу корисно!

Единствената забелешка што ја имам е што, eCleaner сè уште не може да ги прикаже само клучевите од избришаните додатоци.

Не постои добро влијание

„Зашто да влијаеш врз човек значи да му ја дадеш својата душа. Тој не ги мисли своите природни мисли, ниту гори со своите природни страсти. Неговите доблести за него не се вистински. Неговите гревови, ако постои такво нешто како грев, се позајмени. Тој станува ехо на нечија туѓа музика, актер во улога која не е напишана за него. Целта на животот е себеразвивањето. Да се сфати својата природа совршено – за тоа секој од нас е тука. Луѓето денес се плашат од самите себе. Ја имаат заборавено највисоката од сите должности, должноста кон себе. Се разбира, тие се добротвори. Ги хранат гладните, ги облекуваат питачите. Но нивните сопствени души гладуваат, тие се голи. Храброста ја напушти нашата раса. Можеби никогаш не сме ја ни имале.“

Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд

Во тој контекст, подобро е на протестите да има 500 луѓе што чувствуваат вистинска потреба да протестираат, отколку 1.500 луѓе, од кои 1.000 се излезени, а не знаат зошто.

Зоран Ставревски навредува новинарка


Извор: http://alfa.mk/

Извадок од економските вести на Алфа ТВ на 9.6.2011 год. Актуелниот Министер за финансии, Зоран Ставревски, навредува новинарка нарекувајќи ја „економски неписмена“.

Зоран Ставревски: Средствата од ММФ се користат согласно, договорот со ММФ за сите буџетски потреби, а пред сè за подобрување на ликвидноста на стопанството. Основно неразбирање е прашањето како што го поставувате бидејќи, парите можат да се користат само за она што, за што е одобрен буџетот од страна на собранието.

новинарка: Значи не се потрошени…

Зоран Ставревски: Значи, не разбирате ако повторно прашате исто, значи не го разбирате буџетскиот процес. Ве советувам да си го прочитате законот за буџет.

новинарка: Значи, треба да кажете можеби со чии… пари…

Зоран Ставревски: Госпоѓо вие сте економски неписмена! Не можам да ви одговарам. Тотално сте економски неписмена!

Овoј прилог не е достапен на веб-сајтот на Алфа ТВ или пак јас не успеав да го најдам. Како и да е, сега го има на YouTube.

Првите писма за Мартин Нешковски се испратени

Нè имаше во мал број, но нè имаше! Повеќе информации за ова, очекувајте наскоро кај Новица.

писма за Мартин Нешковски