Алфи, Даниел, убиство, избори, полиција, медиуми…

Просто неверојатно! Истите медиуми што деноноќно чекаат сензации и скандали за да ги филуваат за свои потреби, одеднаш решаваат да молчат и да не известуваат за потенцијално убиство?!

Алфи, Даниел, убиство, избори, полиција, медиуми...

Фото: Радио Слободна Европа

Курир, МТВ, Сител, Канал 5… заспавте?!

Дејствувањето на политичките партии не завршува ден после изборите. Каде е сега борбата за слобода, соборувањето на режимот, „уривањето“ на диктаторот? Или одеднаш сите се ослободени од одговорност додека да се формира новата македонска влада?!

СДСМ, ЛДП, Нова Демократија, ДУИ, ДОМ, ПДП, OM… што не викате сега?

Ако и ова се заборави за три дена и се потисне со спектакуларни апсења, ќе биде сосема јасно дека некој, некого сака да заштити. А причините за насилство, од ден на ден, стануваат сѐ побесмислени.

Избори 2011: честитка

Ви честитам уште 4 години перење на мозоци и тапкање во место.

Поглед однатре: подигнување на лични карти

И понатаму, гужва, нељубезна државна администрација, неред, бесознание, закочени компјутерски системи, спроведување на кандидати преку ред, виртуелни кандидати на листата за чекање…

подигнување лична карта мвр мтв администрација држава

Се чека за да ве спроведат, се чека за да прашате, се чека за да почнат да ви ја бараат личната карта и додека да ви ја најдат. Помалку од 40 минути не ве „крпат“.

Работите не се случуваат спонтано, така што или бидете проактивни или ќе се изначекате.

Превработеноста во администрацијата се гледа од километар. Само двајца вработени работат со граѓаните на шалтер, а повремено и само еден, а другите вработени (јас избројав 5 различни ликови) прават влези-излези, се довикуваат, се смешкаат итн.

Отсваруваме!

Гласам за балонче: постер за конкурсот „Зошто гласам?“

glasam za balonce goce mitevski poster

„Гласам за балонче“ - Гоце Митевски

„Гласам за балонче“ е мојот постер за конкурсот „Зошто гласам?“. Ако ви се допаѓа, би ви бил многу благодарен доколку гласате за него со „лајк“ на Facebook.

Задолжително погледнете ги и другите дизајни, зашто има навистина интересни идеи. Но, има и такви што се заникаде. Вообичаено за гласање спроведено преку Facebook, некои од тие дизајни имаат најмногу „лајкови“.

Што е, тука е