Парцијална фискална сметка во „MCM“

Вечерва, за прв пат во мојот живот, добив фискална сметка од која требаше да платам само еден дел. Не знам дали е ова некоја нова можност, од чиишто придобивки можат да „печалат“ ноќните клубови, но мене ми дојде како вистинско изненадување.

Не одам често во „MCM“, па не знаев дека издаваат сметки врз основа на турата на служителката.

Во зависност од тоа на која етапа од турата на служителката ѝ припаѓаш, соодветен дел од сметката е твој, а другите ги прескокнуваш и им ги отстапуваш на гостите што биле послужени после тебе. Се разбира, работите може да заземат непредвиден тек, па сметката наместо кај следните гости, да остане кај тебе. Тоа ми се случи на мене.

MCM фискална сметка mkfail

После, не многу долга анализа, успеав да заклучам дека, дури ни тоа што е напишано на сметката, не е сосема точно. Најпрво пишуваше дека е послужено пиво „Стела…“ од 0,5 литри, што не е вистина, зашто јас добив Стела од 0,33 литри. Да, имавме порачано и вотка, но не Вигор и не 1 литар, туку една чаша.

Конечно, спорно беше времето на фискалната сметка. Пишува дека сметката е издадена во 2 часот и 18 минути на 20 февруари 2011, но тоа не е вистина, зашто јас „MCM“ го напуштив во 1 часот и 45 минути, а пијачката за која ја добив оваа фискална сметка (види слика), ми беше предадена најмалку 30 минути порано, заедно со сметката.

Првата работа за која се штрекнав беше кога порачав пиво „Старо Прамен“, а ме послужија со точено пиво во смрдлива чаша, со изговор дека „флаширано“ „Старо Прамен“ нема. Потоа, порачав „Стела…“ и ме вознемири фискалната сметка.

Во „MCM“ вриеше од млади луѓе. Замислете само колку вакви временски нестабилни сметки биле посеани во просторот. Инспекција?

Bei the Fish, Каролина, Danndy и јас

Да имав повеќе време, повеќе ќе напишев, но немам… па само на кратко. Мислам дека и ова е премногу, ама ајде…

Bei the Fish направиле нова песна со Каролина. Супер!

Извесен Danndy – denibozinovski направил видео клип што содржи сцени од повеќе филмови и реклами и се разбира, не е официјален видео спот за песната.

Решив да оставам коментар, за луѓето да знаат дека видеото меѓу другото содржи сцени од краткиот филмLady Dior“, па го напишав следново:

Во видеото се користени (или можеби реков содржани, Дени?) сцени од краткиот филм „Lady Dior“ со Marion Cotillard.

Глупаво е тоа да не се напомене.

Коментарот ми беше избришан по што ја добив следнава порака преку YouTube.

Hey :)
To:gocem

Momentot, scenite od Lady Dior – Grey London, stvarno tolku glupavo bese da ne se napomene? :)
Navistina, klasicnata auditorija, znae… i mnogu mnogu glupavo… :)
A zosto ednas ne se pogledni na nestoto kako celosen produkt?
Ili licno imas pridoneseno so John Galliano za inspiracijata za Lady Diro London, pa bas glupavo ti padna? :)
A drugite sceni, za niv znaes, ili konkretno famozniot kratok Lady Dior ti pretstavuvase problem?! :)

Па потоа оставив уште еден коментар, па и тој беше избришан:

Хах, ми го избриша коментарот! Браво Дени!

По што ми беше одговорено на страницата од видеото на YouTube:

being smart

И добив уште една порака преку YouTube:

2
To:gocem

http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=187373124636506&id=21800612528

http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=183380338366304&id=100000473647915

Se nadevam deka ne ti se “pravata” povredeni.
A da, stojam zad toa deka jas odreduvam sto ke stoi na videoto :)

И така јас ја добив мојата лекција! Дали имало потреба да реагирам одлучете сами.

Danndy се надевам дека барем за момент, ти го направив денот.

За крај еве еден коментар од danielamkd1:

E ova go vikam SVETSKO, ae NASHE! Sekoja chest i za pesnata i za videoto! Vakvi momenti me pravat gorda Makedonka. :)))

Цензурата на МВР не му помага никому

Цензурирањето на говорот на омраза, не го оневозможува неговото постоење!

Што е важно дали ќе бидат избришани проблематичните пораки, кога свеста на луѓето што ги напишале, ќе остане иста? Спречувањето на говор на омраза на Интернет, е однапред изгубена битка.

Нереди на скопското Кале

фото: Сител

Проблемот, се разбира, е многу, многу поголем, зашто подразбира иницирање на промени во свеста на луѓето што повикуваат на физички пресметки, убиства, божемска одбрана на својата земја.

Жално е што деновиве и директно се покажува дека, сите животи што беа изгубени во конфликтот во 2001 година, биле изгубени залудно. После конфликтот не е подобрено меѓусебното разбирање, туку напротив е зголемена поделеноста, поларизираноста на општеството. Единствено што се менува, е актуелната позиција на едни те исти политички фигури.

Наместо да се почне разговор за проблематичните прашања, како и секогаш, се остава деца да ги решаваат проблемите, што е сосема очекувано, зашто ниеден од актуелните политичари нема храброст да понесе одговорност за последиците од сопственото владеење.

Навистина е тешко да се прифати дека во денешно време некој сè уште освојува територија, што инаку е веќе негова.

Судот не знаеше за бременоста на притвореничката

Не можам да разберам, од каде доаѓа леснотијата со која државните институции се правдаат за своите катастрофални грешки во работењето. Вие, да не сте полуделе?

Последната голема глупост е: Основен суд: Судот не знаеше за бременоста на притвореничката

Се чини дека за судот сè е во ред, додека не се искомплицираат работите. Па, потоа тој се потпира на официјални писмени поднесоци и безвредна хартија.

Зарем тоа што жената не пријавила дека е бремена, ја прави помала, штетата што таа ќе ја претрпи со загубата на плодот? Зарем тоа ја ослободува од одговорност надлежната институција или орган? Па уште и да не се манипулирало со јавноста? Мислам дека Основниот суд е тој што сака да манипулира со јавноста, а не медиумите што известуваат за трагичниот случај.

Да работеше судот независно, уште при првиот преглед на бремената жена, ќе применеше сосема разумно решение и ќе обезбедеше соодветни услови за затвореничката, за којашто патем, сè уште се истражува дали учествувала во затајување на данок. Вака, само се потврдува дека некои одлуки се наложени и мора да бидат спроведени без оглед на околностите.

Не знам, можеби ова е уште еден обид да се дисквалификува судската власт во земјава, од некој со многу бујна фантазија и зафркнат мозок.