Судот не знаеше за бременоста на притвореничката

Не можам да разберам, од каде доаѓа леснотијата со која државните институции се правдаат за своите катастрофални грешки во работењето. Вие, да не сте полуделе?

Последната голема глупост е: Основен суд: Судот не знаеше за бременоста на притвореничката

Се чини дека за судот сè е во ред, додека не се искомплицираат работите. Па, потоа тој се потпира на официјални писмени поднесоци и безвредна хартија.

Зарем тоа што жената не пријавила дека е бремена, ја прави помала, штетата што таа ќе ја претрпи со загубата на плодот? Зарем тоа ја ослободува од одговорност надлежната институција или орган? Па уште и да не се манипулирало со јавноста? Мислам дека Основниот суд е тој што сака да манипулира со јавноста, а не медиумите што известуваат за трагичниот случај.

Да работеше судот независно, уште при првиот преглед на бремената жена, ќе применеше сосема разумно решение и ќе обезбедеше соодветни услови за затвореничката, за којашто патем, сè уште се истражува дали учествувала во затајување на данок. Вака, само се потврдува дека некои одлуки се наложени и мора да бидат спроведени без оглед на околностите.

Не знам, можеби ова е уште еден обид да се дисквалификува судската власт во земјава, од некој со многу бујна фантазија и зафркнат мозок.

Два филма од Oliver Hirschbiegel

Oliver Hirschbiegel е германски режисер, што многу сака да раскажува за човечноста. Ви препорачувам да погледнете два негови филмови.

Едниот е Das Experiment, филм за луѓето-животни, за фрустрациите, за изживувањето, за границата на нормалноста, за современото општество.

Другиот, Der Untergang, филм за падот на фашистичка Германија и оние неславни моменти, за кои, малку режисери сакаат да раскажуваат.

Пријатно гледање, ако може така да се рече? :)

Центар на моќ = корупција

Луѓе, централизирањето на моќта и властта секогаш резултира со корупција. Колку е помал бројот на лица што носат определени, да ги наречеме, важни одлуки, толку се поголеми шансите да се влијае на носењето на тие одлуки.

Ако јас, Петко и Станко раководиме со Управата за јавни приходи и дојде Вангел – сопственик на обложувалница, да ни понуди 20% од својот годишен профит, за ние да „прогледуваме низ прсти“ при секое неговото противзаконско работење, колку време ќе треба да помине пред да почнат да ни работат бубачките во глава, за да почнеме да ја разгледуваме профитабилноста на нашата идна коруптивна екскурзија?

Подоцна, откако Вангел ќе раскаже на својот круг на пријатели, за неговата брилијантна идеја, својата среќа во УЈП, ќе дојдат да си ја тестираат и Ана – сопственичка на казино, Бобан – банкар и Илија – бизнисмен. Ана ќе понуди 25%, Бобан 23%, а Илија неверојатни 30% од својот годишен профит.

И да собереме профит само еднаш од сите овие кандидати, тој сигурно ќе биде доволен за да можеме да си ја платиме затворската кауција во случај да се открие криминалот. Плус, ако најдеме некој што ние би можеле да го потплатиме, можеме и директно да придонесеме, криминалот никогаш да не се открие.

Така, отвораме еден „прекрасен“ свет на неограничени игри, зделки, договори и многу јавни тајни. Се разбира, негувањето на тој „прекрасен“ свет, нанесува непроценлива штета на квалитетот на животот во реалноста.

Сосема е неважно кој, колку долго ќе издржи да биде некорумпиран. Не треба воопшто да се доведуваме во искушение да правиме такви тестови, зашто на тој начин се губи драгоцено време.

Управата за јавни приходи во изминативе неколку години упорно експериментира со своите капацитети.

Ако УЈП ги контролира сите, тогаш кој ќе ја контролира УЈП? Море, рекет!

Рекапитулација на мојата 2010 година

Инспириран од еден запис на Seth Godin решив да направам рекапитулација на 2010 година. Досега немам правено вакви листи, па оваа ќе биде воедно и првата.

Еве најголем дел од мојата 2010 година.

  • Contest Watchers – Never Мiss Аnother Contest
    • раст на посетеност на повеќе од 1.000 посети дневно;
    • 64% Bounce Rate
    • 690+ објавени натпревари.
    • поголем прилив на средства од Google Adsense;
    • раст на број на претплатници на е-билтен на 320+;
    • подобрувања во дизајн на тема за WordPress;
    • SEO – масивно!
    • подобрувања во функционалности:
      • издвојување на организатор на натпревар;
      • издвојување на натпревари чијшто рок истекува на одреден датум, за една недела и за еден месец;
      • издвојување на натпревари што се очекува да објават победници на одреден датум;
      • бројни други измени што не ги набројувам поединечно.
  • The Graphs 2 – One Graph Collection to Rule Them All
    • број на уникатни преземања: 10.120+
  • How fast does your PC boot? – промотивна видео реклама за Ubuntu
  • Creating Graphs With Adobe Illustrator – текст за Smashing Magazine
  • How fast does your PC boot? стана дел од Ubuntu 10.10 Free Culture Showcase и доби нова музика.
  • настап на TEDxSkopje
    • позитивни реакции
    • бројни контакти
    • одлична дружба
    • Благодарам Фросина, Новица, Симон, Невенка, Марко, Билјана и на целокупната организација на TEDxSkopje.
  • Паблишер – жив, здрав и задушен од mkfail.
  • iStockAudio
  • теми на интерес: теорија и примена на бои, графички дизајн, фотографија, астрономија, WordPress, Drupal, PHP, V-ray, фотореализам, 3ds Max, Firefox, Google Chrome, Ubuntu, SumatraPDF, музика, книги, филм, FL Studio, фејл-патриотизам, македонштина, бизнис, континуиран прилив на финансиски средства, добрина, толеранција, несебичност…

Плодна нива сум сеел, плодна нива сум жнеел. Браво за мене! :)