Ѓубре, Радишани, ЈП Комунална хигиена – Скопје, 2015 г.

2015 година е. Во Радишани, на ул. 1558 сѐ уште мака-мачиме со вработените на јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје. Тие неколку пати во неделата поминуваат за да го соберат ѓубрето од околните куќи, но начинот на кој што го прават тоа е крајно несоодветен, создава проблеми и незадоволство.

rakip-koce-novi-plasticni-kontejneri-komunalec

Од лево кон десно, директорот на ЈП Комунална хигиена, Ракип Дочи и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски со пластични контејнери. Фото: skopjeinfo.mk

Вработените на ЈП Комунална хигиена – Скопје не ги празнат кантите за отпад ако не им се подготвени, кога тие ќе поминат. Кантите требало да стојат на улица, односно надвор од дворовите. Тие не можеле да влегуваат во секој двор поединечно, да ги земаат и да ги враќаат, зашто тоа не им било работа. Тоа се разбира дека не е точно и е некое ново правило што, најверојатно, самите вработени го имаат измислено за помалку да работат… обичен изговор… зашто, убаво ми текнува дека и влегувале во секој двор поединечно и уредно го истурале ѓубрето и кантите ги враќале од каде што ги зеле и тоа некогаш порано не им преставувало проблем.

Некои од соседите, сметаат дека немаат избор и штом ќе дојде денот за да поминат „ѓубраџиите“, излегуваат и буквално им ги подаваат ќесите со ѓубре в раце. Тоа ја прави состојбата уште посложена.

Вработените на ЈП Комунална хигиена – Скопје не се грижат за чистотата на нашата улица, а верувам и на другите низ Радишани. Денот кога поминуваат да го соберат ѓубрето, на улицата самите вработени истураат ѓубре, додека ги испразнуваат кантите. Ѓубрето што ќе го направат, не само што не го собираат, туку, како да го истураат намерно за да го искажат незадоволството што, ете баш тие мора да се „ѓубраџии“ и мора да ја работат валканата работа.

Кантите за ѓубре пак, не само што не ги враќаат од каде што ги зеле, туку ги оставаат буквално каде стигнат на улица. А, на неа играат мали деца и нивното здравје е директно загрозено поради тоа.

За овие проблеми се имам жалено во Претпријатието. Еднаш во Службата за квалитет, односно кај раководителот Музафер Бислими, па потоа и кај директорот, Ракип Дочи.

Од Музафер Бислими своевремено добив одговор дека ми верува и дека интервенирал кај соодветниот раководител, односно кај директорот.

Од Ракип Дочи добив неформален одговор во кој што ми беше побаран телефон за комуникација. До сега, комуникација не сме оствариле.

А денес, „ѓубраџиите“, повторно дојдоа. Нашата канта не беше извадена од дворот. Гледам дека влегле, ја испразниле и ја оставиле таму некаде на улица. Додека ја враќав на нејзиното место, на улицата видов купче остатоци од лушпи од јајца и портокали потопени во сочна зеленкаста течност.

Зошто студентите со право протестираат против државниот испит и не треба да престанат

Кратко и јасно: затоа што пристапот на решавање на „проблемот“ со неквалитетното образование е погрешен. Прашање е дали навистина има проблем со квалитетот на образованието во Македонија.

извор: Глас на Америка

извор на фотографија: Глас на Америка

Ако образованието е неквалитетно, за тоа најмалку се виновни студентите. Студентите го учат тоа што им е предадено и разликата секако е во начинот на кој што знаењето се сервира. Значи, еден дел од проблемот лежи во наставниот кадар. Каде е другиот дел од проблемот? Во системот. Државата е неспособна да се справи со, како што вели, „купените дипломи“ и по законски пат да ги санкионира институциите што ги продавале, па решава да оди по линијата на помалиот отпор. Полесно е да се натераат студентите да поминат низ уште една проверка на знаење, отколку да се спровед(ува)ат редовни контроли во приватните универзитети – државата нема капацитет за такви контроли и (според мене) не сака ни да има, бидејќи тоа ќе биде преголем залак за бавните институции.

Секако, да не заборавиме дека пред само неколку години, приватните универзитети беа величани и најавувани како машини за високо-очубен стручен кадар, директно од државни функционери, што (според мене) не треба да е случај.

Потенцирам, државата не би смеела да се грижи за тоа каков е квалитетот на образованието, туку тоа треба да биде оставено на телата на државниот универзитет. Ако е поставен како независна институција, нема потреба било кој лидер или министер да поентира кон било каква реформа, а не па да ја наметнува. Најмногу што би требало да може да направи еден министер за образование е да организира јавна дебата за да го испита мислењето на студентите и професорите за одредена предлог-мерка, секако ПРЕД да се излага со било какви официјални правила и прирачници. Но, наједноставното решение е, се разбира, ниеден авторитет да не се наметнува над државниот универзитет и да го остави да биде независен.

Не знам како државата успеа да го оцени образованието во Македонија како неквалитетно без ниедна посериозна јавна анкета. И пак ќе речам, проблем е што државата си зема за право да го прави тоа. Единствено студентите се тие што можат да оценат какво е образованието, бидејќи тие се корисниците на оваа – ќе ја наречам – државна услуга. И редно е да бидат прашани.

Но, студентите ги поедноставуваат работите. Не чекаат да бидат прашани, туку деновиве самите (по)кажуваат дека државното образование е сѐ уште на многу високо ниво и дека нема потреба од наметната контрола и несоодветни реформи. Како инаку да си објасниме од каде излегоа овие образовани, современи и свесни млади луѓе?

Рецензија: Interstellar – Christopher Nolan, 2014

Interstellar на Christopher Nolan го доживеав како негова лична фрустрација од филмовите „2001: А Space Time Odyssey“ на Stanley Kubrick и „Gravity“ на Alfonso Cuaron. Nolan, толку многу сакал да си докаже дека може да направи култен научно-фантастичен филм, што се загубил во креативниот процес. Филмот е едноставно преголем залак за него.

Interstellar е плиток филм, со многубројни клише-сцени, со невпечатливи ликови и со многу добри визуелни ефекти. Од самиот почеток е познато како ќе заврши. Nolan не се обидува тоа да го скрие, и инсистира дека многу поважно е што се случува додека се стигне до познатиот крај.

** ВНИМАНИЕ, СПОЈЛЕРИ! **

interstellar-christopher-nolan

Endurance, експерименталниот вселенски брод во кој што патуваат членовите на тимот

Филмот е долг (речиси 3 часа) и во него се случуваат многу работи. Има многу ликови, но ниеден од нив, освен главниот (во изведба на Matthew McConaughey) на мене не ми остави никаков впечаток. Како ниеден од ликовите, освен главниот, да нема лични карактеристики и да не размислува, туку само изговара претходно подготвени реченици што во некои делови се навистина банални.

Според приказната, во блиската иднина животот на планетата Земја станува неодржлив и луѓето се соочуваат со бројни проблеми, но тоа премногу штуро е прикажано само на почетокот од филмот. Не може да се почувствува потребата на луѓето да избегаат и да се спасат од големите проблеми, а со самото тоа е сосема неочекувана, грандиозноста на мисијата на која главниот лик ќе биде испратен. Како научниците на NASA да умреле од досада решавајќи равенки, па рекле, ајде да пратиме екипа да бара планети кои што би можеле да ги населиме. Луѓето на планетата Земја не можат да се прехранат, но NASA има неограничени ресурси за сѐ, кои се, btw, ТАЈНИ!

„Gravity“ е клучниот збор во филмот. Ликовите често го повторуваат, особено кога сакаат да навестат дека нешто паметно ќе кажат. Gravity, gravity, gravity, gravity.

Дизајнот на роботите е многу чуден и тоа што тие немаат роботски глас туку човечки, е збунувачки. Разбирам дека не мора да имаат роботски глас, но ако се толку напредни, што не ги направиле хуманоидни? Такви какви што се, кога зборуваат, ме оставаа да се прашувам кој и од каде ги изговара нивните реченици. Исто така, не знам колку се физички изводливи нивните движења.

Тоа што главниот лик постојано се брза да ѝ се врати на ќерка му, негативно влијае на авантуристичката атмосфера во филмот.

Неколку пати се споменува љубовта како безвременска и во тие моменти едноставно ми доаѓаше да вриштам. Луѓето немаат како да преживеат, ама љубовта е безвременска.

Interstellar сака да биде длабок филм, но тоа едноставно не е можно на начинот на кој што е изработен. Премногу блокбастерски клишеа, премногу „абе, ајде…“ моменти, премногу Холивуд. Крајот на филмот е најлошо обработен и има многу претенциозни моменти.

Значи, не, Christopher Nolan не е визионер. Човекот едноставно премногу си допушта и ја потценува интелигенцијата на гледачите. Тоа го забележав во „The Dark Knight Rises“, „Inception“, а еве го сега и во Interstellar.

Моментот кога ќе најдеш свој дизајн на постер, на сајтот на Игор Иванов – Изи

Вчера, случајно го фатив режисерот Игор Иванов – Изи на Канал 103, како зборува за некои од неговите филмови. Ми текна да побарам некои информации за еден негов филм, па го посетив неговиот веб сајт. Разгледав наоколу и стигнав до секцијата за ТВ-реклами. Таму, за некоја реклама што Изи ја работел за фестивалот Браќа Манаки, најдов адаптирана верзија на еден постер за фестивалот, што го имам работено многу одамна за награден конкурс.

Сликичка од адаптираната верзија на мојот постер

Сликичката од адаптираната верзија на мојот постер

тест

Сликичката од адаптираната верзија на мојот постер на сајтот на Изи

Оригиналната верзија на мојот постер за конкурсот на Браќа Манаки

Оригиналната верзија на мојот постер за конкурсот на Браќа Манаки