Зошто никогаш повеќе нема да купувам во Anhoch?

Денеска бев доведен во ситуација да се расправам со ценетата госпоѓица рецепционерка во сервисот на Anhoch, затоа што очигледно го погодив денот кога нејзината суета расте како квасец. Го погодив денот кога таа пали и гасне!

Спорно за мене беше тоа што, телефонски ми беше кажано дека можно е компјутерот да го донесам на сервис и итно да ми биде поправен, но кога дојдов на рецепција рецепционерката ми соопшти дека тоа не е можно и започна да ми противречи, да ми кажува како сум бил арогантен, да го повишува тонот, да ме навредува, да ме запрашува што си замислувам јас и да констатира дека не е ова моја фирма па како сакам да се однесувам, да ми се заканува дека како резултат на моето итно барање, ќе ми наплателе по тарифникот за услуги по итна постака…

Нормално дека не се воздржав и не останав инертен на навредите. Кавгите продолжија, па потоа ни се приклучи и нејзин колега, за и тој да вика заедно со нас. Наместо да ја смири неговата колешка, за колегата спорно беше тоа што јас го повишувам тонот… По некое време, видов дека воопшто не е важно што јас имам да кажам, па замолчев.

После 40 минутни консултации со сервисерот, си заминав. Тој инсистираше да го оставам компјутерот и по 3 часа да дојдам да го земам, но јас едноставно немав толку време. Проблемот не ми беше решен.

Спорно во консултациите со сервисерот беше следново:

  • мојата графичка била позната како проблематична – се прашувам зошто тогаш ми ја продале и зошто воопшто ја продаваат?
  • ако сум го оставел компјутерот, ќе ми ставеле уште еден кулер – зошто не ми ставиле уште еден кулер досега, ако од тоа имало потреба?
  • со ситна доплата ќе сум можел да си купам подобра графичка картичка – кога прашав колку треба да доплатам, сервисерот се нечкаше, па потоа се врати со објаснувањето дека за 1 час ќе добиел одговор за сумата…

Во Anhoch купувам речиси 10 години, но повеќе нема да го правам тоа. Никогаш!

Полесен Firefox за помалку проблеми

Колку повеќе го „товарите“ Firefox со додатоци, толку повеќе ризикувате да добиете проблематична работна околина, што никому не му е од полза. Изборот на додатоци за Firefox е навистина огромен, па без речиси никакво залагање, може да се промени секој сегмент од прелистувачот со само неколку кликови.

Сепак, за мене, многу поисплатливо е на своја рака да променам неколку клучеви во регистарот на Firefox, отколку да ја проширувам листата на додатоци. Секој додаток си има сопствена „тежина“, која се одразува на целокупната работа на прелистувачот. Тоа особено се чувствува кај додатоците со големина од над 100KB.

Еве неколку функционалности на Firefox, за кои поедноставно е да не користите додатоци.

  • Резултати од пребарување во нов таб

    browser.search.openintab – true

  • Копче за затворање на таб

    browser.tabs.closeButtons

    • 0 – копче за затворање на активен таб
    • 1 – копче за затворање на сите табови (основно поставување)
    • 2 – табови без копчиња за затворање
    • 3 – едно копче за затворање на крајот на листата со табови (како во Firefox 1.x)
  • Листа на отворени табови со слики од табови
    • browser.allTabs.previews – true
    • browser.ctrlTab.previews – true
  • Почеток на преземање без прикажување на менаџер за преземање

    browser.download.manager.showWhenStarting – false

  • Успешно преземање без известување од менаџер за преземање

    browser.download.manager.showAlertOnComplete – false

  • „Paste“ со клик на средното копче на глувчето

    middlemouse.paste – true (основно поставување во Linux/Unix)

  • Забрзано лизгање низ веб-страниците
    • mousewheel.acceleration.start – 2
    • mousewheel.acceleration.factor – 30

Посочените вредности се составен дел на регистарот на Firefox, кој може да се отвори со внесување „about:config“ во адресната лента.

10 години Баланс

Вчерашната роденденска прослава на Баланс, за мене беше тешко изводење. Слават роденден, а ставиле влез 200/250 денари и цена на пиво од 130 денари за лименка!!?

Абе, колку сакате години славете, ништо од тоа што (наводно) сте го сработиле не ви вреди, зашто недвосмислено покажувате дека воопшто не ви е гајле за публиката, на која толку цврсто се потпирате. Наместо гестови на добра волја, изненадувања и привилегии за присутните, вчера на Матка практично беше спроведен грабеж. После ова Баланс за мене се тешки фејлери.

The Skopje Connection @ Matka

The Skopje Connection имаа добар настап, иако започнаа час и половина подоцна од планираното. Не понесов фото-апарат, па во оваа прилика еве една фотографија со многу скромен квалитет, направена на Sony Ericsson K750i.

Матка е извонредно место за џез концерти, па се надевам дека во иднина повеќе ќе биде експлоатирана за такви цели. Нека биде ова апел до Skopje Jazz Festival (SJF).

Number 12 Looks Just Like You

Случајно или не, дејствието е сместено во 2000 година. Феноменална епизода од The Twilight Zone. Според мене, една од најдобрите во целиот серијал.

Напишана од: Charles Beaumont и John Tomerlin
Режирана од: Abner Biberman

Given the chance, what young girl wouldn’t happily exchange a plain face for a lovely one? What girl could refuse the opportunity to be beautiful? For want of a better estimate, let’s call it the year 2000. At any rate, imagine a time in the future when science has developed a means of giving everyone the face and body he dreams of. It may not happen tomorrow – but it happens now in the Twilight Zone.

Со број 137, епизодата „Number 12 Looks Just Like You“ ќе ја најдете како составен дел од популарниот торент со сите епизоди од The Twilight Zone.