How to modify YARPP cache type to improve WordPress performance

YARPP is a great WordPress plugin and I use it whenever related posts functionality is required on a WordPress website. The plugin has its own caching mechanism which improves performance most of the time. Sometimes, however, it can cause a lot of performance issues, especially when used with other object caching plugins such as Hyper Cache, WP Super Cache, W3 Total Cache.

Hyper Cache and YARPP weren’t playing nicely for me on Contest Watchers and I decided to look for a way to modify or completely disable the YARPP cache.

Going though the source in /wp-content/plugins/yet-another-related-posts-plugin/yarpp.php I discovered that the type of YARPP cache is defined through the YARPP_CACHE_TYPE constant. By default YARPP creates a separate database table where it keeps its cache results. Alternatively it can be made to process its results whenever a post is loaded, though the post metadata.

Since v3.2: YARPP uses it own cache engine, which uses custom db tables by default.
Use postmeta instead to avoid custom tables by un-commenting postmeta line and comment out the tables one.

If you want to try the alternative setting and see if you gain some performance on your site, all you have to do is set the YARPP_CACHE_TYPE constant to ‘postmeta‘, before YARPP defines it. To do that, you’ll need to add the following code in wp-config.php, right before wp-settings.php gets required:

// Bypass YARPP cache to improve performance
if ( ! defined ( 'YARPP_CACHE_TYPE' ) ) {
define ( 'YARPP_CACHE_TYPE', 'postmeta' );
}

And that’s it! Now do some browsing through your website and see if you can notice any difference. You can get a lot of help from Query Monitor while doing that.

If you’re happy with the results, you might also want to delete the cw_yarpp_related_cache table from your database, to clean things up.

Што треба да знаете за TOTAL, а во One нема да ви кажат

Да ми кажеше некој за овие работи, веројатно немаше да склучам договор со One на 24 месеци. #BadLuckМакедонец за мене, информации за сите останати:

total-anal-one-mk

  1. Ако склучите договор на крајот од месецот, во сметката за следниот месец ќе ви биде наплатена претплатата за првиот месец од TOTAL. Да, претплатата се наплатува однапред и кога прашав во One за ова, во Веро Центар, ми рекоа дека било легално.
  2. Бесплатните минути се распределуваат пропорционално, што значи дека ако имате 200 минути на располагање во месецот кон сите мрежи и не ги искористите, при крајот на месецот нема да имате да доискористите 200 минути за разговор, туку 6,67 минути, по бројот на денови до крајот на месецот. Ако до крајот на месецот преостануваат уште три дена, тоа се вкупно 20 минути за разговор. Ако ги потрошите бесплатните минути пред крајот на месецот, сите разговори потоа ќе ви бидат наплатени по цените предвидени во вашиот тарифен модел. Да, ќе треба да броите уште колку минути ви остануваат од бесплатното време, ако не сакате да плаќате екстра.
    ПОЈАСНУВАЊЕ ОД ONE: Пропорционалноста на минутите не е сведена на дневно ниво, туку на тотал активни денови во месецот. Сакам да кажам, ако се активираш на пола месец, наместо 200 ќе добиеш 100 минути, кои ако сакаш можеш и во еден ден да ги потрошиш, наместо да внимаваш на 6,67 минути дневно.
  3. Ако ви следува Субвенција како бонус за лојалност и склучите договор за некој модел на TOTAL при крајот на месецот, а се одлучите бонусот да го искористите за плаќање на месечните сметки, субвенцијата нема да ви биде одобрена до почетокот на наредниот месец. Значи, ако сте склучиле договор кон крајот на ноември, бонусот ќе ви биде одбиен од месечната сметка за декември. И покрај тоа што во договорот за субвенција стои дека: „Субвенцијата важи од денот на потпишување на истата.“

Дали вреди да склучите договор за TOTAL на 24 месеци? Најверојатно не. Разгледајте ги понудите на другите оператори и не паѓајте на евтини финти.

Колку пари е билет за „Огнени јазици“?

Направив резервација и одам да ги подигнам билетите за „Огнени јазици“ во НУ Драмски Театар – Скопје. Продавачот ми вели 560 денари. Му давам пари и чекам кусур. Ми враќа кусур и не ми дава фискална сметка. Му барам фискална сметка и прво ми дава изговори од типот: сега, само да не ми се смешаат парите (?!) и потоа ми ја даде сметката како да се брза. Ја земав и си заминав.

Подоцна, ги земам билетите за да видам која е цената на билет.

На билетот за „Огнени јазици“ не пишува која е цената.

На билетот за „Огнени јазици“ не пишува која е цената.

Не пишуваше, па земав да ја видам фискалната сметка. Не пишуваше, ни на фискалната.

На фискалната сметка од НУ Драмски Театар - Скопје не пишува која е цената на билет за претставата „Огнени јазици“

На фискалната сметка од НУ Драмски Театар – Скопје не пишува која е цената на билет за претставата „Огнени јазици“

Според тоа што беше напишано на фискалната сметка, јас сум купил ПРОБА во вредност од 560 денари. А, купив, два билети, секој претпоставувам со вредност од 280 денари.

Ете ви корупција, каде што најмалку треба да ја има.

Замрзнати пилешки копанчиња во захевтана кеса

Вчера купив замрзнати пилешки копанчиња во Гиго-Трејд, во Радишани и сабајлево моите ми велат, оди врати ги, проверивме, поминат им е рокот. Проверувам, вистина. Чудно ми падна што пакувањето со копанчиња беше захевтано, а не трајно затворено. Тоа не го забележав претходниот ден.

Одам да ги вратам и ѝ се обраќам на една од вработените. Ѝ објаснувам во што е проблемот и ми вели да почекам за да ја „сторнела“ сметката или продажбата – не сфатив. Се враќа и проверува дали е поминат рокот и ми објаснува дека всушност не бил поминат. Рокот на задната страна кој што јас сум го гледал, бил за датум на (пре)пакување, а на предната страна имало друг рок, колку што запомнив, до некој ден во мај 2014 година.

Потоа прашав зошто пакувањето е захевтано, а не трајно затворено како за секое замрзнато месо. Вработената не ми даде некое посебно објаснување и веднаш ѝ се обрати на една од касиерките, за да среди, што треба и ѝ рече да ги тргне копанчињата на страна. Касиерката ме праша дали сакам да ми врати пари или да земам производ(и) за истата вредност. Реков дека сакам да ми вратат пари. Во меѓувреме касиерката од соседната каса се приклучува во разговорот за да потврди дека вчера таа ми ја наплатила сметката со копанчињата.

Производителот на месото е Pivka, Slovenija, увозникот JSP Aktuel од Скопје, односно GAJRET од Струга. Или така барем пишуваше на кесата во која беше ставено месото.