WordPress 2.8.3 проблем

При надградба со најновата верзија на WordPress – верзијата 2.8.3 – ми се појави следниов проблем.

На сите целобројни вредности, поголеми од нула, им беше додадена вредноста „,000“ (без наводници). На пример: тоа што досега било 5, по надградбата се претворило во 5,000.

Претпоставувам дека во прашање е некоја глобална променлива и на неа ѝ е „залепен“ непотребен додаток, но сè уште не сум успеал да го потврдам тоа. Доколку и некој друг го има истиов проблем или пак го решил, би бил благодарен ако своето искуство го сподели, во облик на коментар, на овој запис.

ИЗМЕНА: Ок. Проблемот е дефинитивно во преводот. Штом го вратам WordPress на англиски јазик, т.е. штом ја исклучам македонската локализација сè си е во ред. Впрочем, мислам дека проблемот настанува откако ќе го активирам преводот за верзијата 2.8.3. Со преводот за верзијата 2.8.2 сè е во ред. Претпоставувам, оваа грешка настанала во брзање и се надевам дека наскоро ќе биде поправена.

Google Images на кирилица

Google-Sliki

Интересно! Претпоставувам дека ова ќе биде применето и за останатите сервиси.

Нете – те

  • ваљда = веројатно (Ваљда ќе дое. = Веројатно ќе дојде.)
  • уствари = всушност (Уствари, он знае. = Всушност, тој знае.)
  • тачно = точно (Тачно е, дека дојдоа. = Точно е, дека дојдоа.)
  • зашто = зошто (Зашто не сакаш? = Зошто не сакаш?)
  • не долази у обзир = не доаѓа во предвид (Ма, не долазиш у обзир! = Ма, не доаѓаш во предвид!)
  • y = во (У сала, во 12! = Во сала, во 12!)
  • глеа = гледа (Глеаш? = Гледаш?)
  • он = тој (Он викаше… = Тој викаше…)
  • она = таа (Она се расплаче. = Таа се расплаче.)
  • они = тие (Они играа баскет. = Тие играа кошарка.)
  • у право = во право (У право си тато! = Во право си тато!)
  • стварно = навистина (Е, стварно претеруваш! = Е, навистина претеруваш!)
  • невероватно = неверојатно (Просто невероватно беше! = Беше, просто неверојатно!)
  • врло = многу (Врло, врло добро. = Многу, многу добро.)
  • момак = момче (Бев со еден момак, по работа. = Бев со едно момче, по работа.)
  • праи = прави (Не се праи фраер! = Не се прави важен!)
  • расположење = расположение (Нема расположење, шо? = Нема расположение, што?)
  • топ = супер (Топ! Топ, беше! = Супер! Супер, беше!)

Лично сметам дека нема покул луѓе, од оние што говорат литературен македонски јазик. Им се восхитувам и апелирам да не се претопат во толпата.

Досие Скопје – преземање

Он.нет ги има хостирано сите епизоди од серијата „Досие Скопје“ и тие се достапни за гледање, но нивниот видео плеер е нетипичен, па доколку сакате да преземете било која од епизодите, со помош на некој додатокот за Firefox – на пример: DownloadHelper, нема да можете. Сепак, со помош на Firebug можете да ги дознаете сите потребни информации и самите да ги составите директните врски до видеата што Он.нет ви овозможува да ги гледате преку нивниот плеер.

Во продолжение ги наведувам трајните врски (се надевам, такви и ќе останат) до епизодите. Со клик на било која врска, веднаш започнувате со преземање.

Врска до оригиналната XML датотека.

Претпоставувам дека врскиве веќе одамна ги има по други блогови/форуми/портали… сепак, еве ги и на Паблишер. Пријатно гледање. :)