The Sex Education Show

The Sex Education Show

„The Sex Education Show“ е навистина интересна британска документарна серија во продукција на ТВ каналот „Channel 4“, наменета првенствено за тинејџери.

Супер е што постои ваков серијал и што на него слободно можат да се потпрат сексуално неискусните млади луѓе. Серијата е мошне интересна, поставува и одговара многубројни и најразлични прашања во врска со сексот, сексуалната ориентација, половите органи, сексуално-преносливите инфекции, во врска со нормалните и патолошките појави на половиот систем на човекот.

Досега се сработени 6 епизоди од првата и 4 епизоди од втората сезона на серијалот (The Sex Education Show vs Porhography), па ви препорачувам да ги погледнете. Дополнително, на располагање на гледачите им стои и специјализиран веб сајт со дополнителни информации.

Еве торент за преземање на првата сезона и уште еден за преземање на 4-те епизоди од втората сезона.

Пријатно гледање и едукација.

ИЗМЕНА: Посочените торенти за преземање од BtJunkie, се заменети со торенти од The Pirate Bay.

Конкурс „Браќа Манаки“

Земав учество на конкурсот „за изработка на идејно и изведбено решение за дизајн и изработка на визуелниот изглед на фестивалскиот плакат, каталог и останати пропратни рекламни материјали поврзани со фестивалот“ Браќа Манаки.

Ова е првпат како земам учество на локален натпревар за дизајн и задоволен сум како ја завршив својата работа. Сепак, не успеав да го освојам првото место, па проектот го завршувам со овој краток запис. Подолу, можете да го видите мојот дизајн за конкурсот.

poster

Не би сакал да се впуштам во било какви бесмислени коментари за квалитетот и организацијата на конкурсот, сепак морам да напоменам дека сè во врска со овој конкурс беше релативно. Инструкциите беа непрецизни, потребните материјали јавно недостапни, роковите за објавување на победниците беа произволни, непознато беше и стручното жири, победникот не беше јавно објавен итн.

Ги поддржувам сите наредни конкурси од овој тип и искрено се надевам дека во иднина ќе стануваат сè почести и сè подобри. Организаторите, за пример, можат да се послужат и со најбаналните натпревари на deviantART, за веќе за следниот конкурс да бидат поподготвени.

За новиот идол

Слободниот живот е сè уште слободен за големите души. Навистина, кој поседува малку, толку помалку ќе биде поседуван од другите: фала ѝ на малечката беда.

стр.49, параграф 1

Така зборуваше Заратустра“ – Фридрих Ниче [EN] [МК]

Хромофобија

Мислев да напишам многу повеќе за моменталнава ситуација во нашата Република, но подоцна целосно изгубив интерес, од едноставна причина што сметам дека во моментов е многу тешко да се пренесе порака без да биде погрешно сфатена.

Бидејќи не можам јас со зборови, може Raoul Servais со Chromophobia.