Прилогот „сè“

Гледам дека на планетава упорно се греши при пишувањето на „сè уште“, па да потсетам… Не е „сеуште“ туку правилно е „сè уште“!

Тоа е една од правилните употреби на правописниот знак „надреден знак“.

  • Надреден знак ( ` ) се става над самогласката е во кратката заменска форма нè (тој нè виде нас) и во прилогот сè (му реков сè) за да се разликуваат, на писмо, од негацијата не (не оди; тој не нè виде) и елементот се од повратните глаголи (тој се мие, се чешла).
  • Надреден знак се става и над кратката заменска форма за женски род ѝ (ѝ реков нејзе) за разликување од сврзникот и: тој и јас; влезе и ѝ рече.

Извадок од „Правопис на македонскиот литературен јазик“ – Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, К. Тошев, Р. Угринова-Скаловска (XI изменето издание, 1992 година)

Кога ќе го пишувате следниот запис, потсетете се на претходниве две точки… ;)

Постира, Брач – Хрватска 2008

Штотуку се вратив од годишниот одмор, па еве неколку нафрлени мисли и една важна забелешка…


View Larger Map

Брач е супер туристичка дестинација, а Постира е совршено место за одмор. Цените се пристојни, храната позната и вкусна… Хрватскиот туризам е светлосни години пред македонскиот. Доколку некогаш имате потреба од автобуски превоз до Сплит, не купувајте карти од туристичката агенција „Александар“. Имаат крајно непрофесионален однос и валкани автобуси што не се климатизирани.

Подготвив и еден албум од селектирани фотографии, па ако до сега не сте биле во Постира, на островот Брач погледнете што ви се нуди…

Летна треска

Периодов некако ми се изнасобраа филмови што не можам да дочекам да ги гледам, па паѓам во сè поголемо искушение да почнам да преземам кино снимки.

Сепак, откако ја видов наводно најдобрата кино снимка од новиот Бетмен, решив да си почекам на официјалните DVD изданија. За себе, а и за сите што ги интересира, направив листа на официјалните DVD изданија на некои од новите филмови што мене особено ме интересираат. Па, еве како стојат работите:

*) свесен сум за сите негативни критики

Сите актуелни рецензии на The Dark Knight што беа испромовирани на кајмак.от според мене се избрзани, па и неосновани…

Новиот Last.fm е онлајн

Додека да бидат решени моменталните проблеми со серверите, да ја искористам приликата да известам дека новиот Last.fm е активен.

Приказ на новата верзија од Last.fm

Заради проблемите со серверите, сајтот се отвора со намалена динамика… Се очекува проблемите наскоро да бидат надминати.