Blues & Soul Festival (Скопско Лето ’08)

Со оглед на тоа што претходно немам посетувано вакви настани, не можам да ја направам разликата помеѓу годинешното и изданијата на Blues & Soul Festival од изминатите години, но затоа пак можам да ги разликувам двете одделни вечери во кои се одржаа планираните настапи од Blues & Soul Festival 2008.

Втората вечер беше во целина многу подобра во однос на првата. Барем јас така ја доживеав. Несоодветен, но не во целост, беше настапот на Lance Lopez. Премногу насилен, да не речам тинејџерски. Забележителни настапи имаа и сите останати изведувачи. Лично најмногу уживав во настапот на Matt Schofield Trio.

Еве како изгледаше програмата:

02.07.2008: Венко Серафимов и Д Блузфејкерс (Македонија)
02.07.2008: Lance Lopez (Америка)

03.06.2008: Blues Company (Германија)
03.06.2008: Matt Schofiеld Trio (Велика Британија) (на влезницата е грешно испишано – Schofild)

Мојата скромна галерија:

Венко Серафимов и Д Блузфејкерс на сценаMatt Schofield Trio на сценаMatt Schofield Trio на сценаBlues Company на сцена

Новиот Last.fm

Last.fm се менува. Во фаза на тестирање е нова бета верзија од сервисот со прилично драстични новини во секој поглед. Еве две слики од екран, како поткрепа на муабетов.

Првата ја претставува основната (почетната) страница (Last.fm: Home),

додека втората е приказ на страницата за кориснички профил на Last.fm (Last.fm: корисничко_име).

Интересно е да се види дека сервисот и понатаму се развива со полна пареа, а минимaлизирањето на дизајнот на сајтот многу ми се допаѓа.

Diablo 3

Ај лав Blizzard! На големо, го најавија третото продолжение од култната PC игра Diablo.

Како и за Starcraft II, така и за Diablo 3 сè уште нема предодреден датум за официјална промоција, но ќе бидам слободен да кажам дека лично јас очекувам тоа да се случи некаде пред самиот крај на 2008, да не речам за Нова година.

Официјален Fact Sheet

(на англиски јазик – преку ToTheGame)

Diablo III is being developed as the definitive action role-playing game, and a true continuation of the Diablo series. Players will create a hero from one of five distinct classes, such as barbarian or witch doctor, each equipped with an array of spells and abilities. As these heroes adventure through rich and varied settings, unraveling an epic storyline and engaging in combat with hordes of monsters and challenging bosses, they’ll grow in experience and ability and acquire items of incredible power.

The game takes place on Sanctuary, a world of dark fantasy. Unbeknownst to most of its inhabitants, Sanctuary was saved some twenty years ago from the demonic forces of the underworld by a few brave and powerful heroes. Most of those warriors who directly faced Hell’s armies — and were fortunate enough to survive — went mad from their experiences. And most of the others have buried their haunted memories and pushed the horrors from their thoughts. In Diablo III, players will return to Sanctuary to confront evil in its many forms once again.

Diablo III will be a fitting sequel to Diablo II, with the easy interface, fast-paced action, and visceral gameplay that Diablo players have come to expect and enjoy. It will also include many new features that will take the Diablo action-RPG experience to the next level.

Features

Five powerful character classes to choose from, including the barbarian and witch doctor.

Brand-new 3D graphics engine enhanced with spectacular visual effects and Havok physics.

Numerous indoor and outdoor areas detailing new regions in the world of Sanctuary.

Interactive environments with dangerous traps and obstacles, and destructible elements.

Randomly generated worlds bolstered by scripted events for endless and dynamic gameplay.

Vast assortment of fiendish monsters, with unique attack patterns and behaviors.

New quest system and character-customization options for the ultimate action RPG experience.

Multiplayer functionality over Battle.net with support for cooperative and competitive play.

Дополнителни материјали

Diablo 3 на Википедија
Diablo 3 ЧПП (Често Поставувани Прашања)
Diablo 3 официјален трејлер
Diablo 3 гејмплеј видео
Diablo 3 слики од екран

Напомена

На официјалниот веб-сајт на Diablo 3 има навистина завидно количество промотивни материјали, така што таму би требало да се упатите за информации од прва рака.

Коментар

Добро е што Diablo 3 нема да биде DirectX 10 игра.

Firefox 3 забава @ Точка 18.06.2008

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет.

Преземете го Firefox 3 утре и учествувајте во поставувањето на гинисов светски рекорд за најпреземен софтвер од интернет. Патем слободно пуштете го муабетот нека струи, а овој веб-постер може да ви послужи за тоа. Колку повеќе луѓе го видат, толку подобро.

Ако сте сигурни дека доаѓате, удрете еден потпис овде.

Се гледаме во Точка!