Michaël Dudok de Wit

Michaël Dudok de Wit е генијален уметник (аниматор, режисер, илустратор) од Холандија.

Зад себе има богата филмографија и многу освоени награди. Неговото најпознато и најнаградувано дело е осум-минутниот анимиран филм „Father and Daughter“ објавен во 2000 година. Вистинско ремек дело!

врска до анимацијата

Содржина (од Википедија):

A father says goodbye to his young daughter and leaves. As the wide Dutch landscapes live through their seasons so the girl lives through hers. She becomes a young woman, has a family and in time she becomes old, yet within her there is always a deep longing for her father.

The story is a metaphor. The father leaving on a boat signifies his death and the images of the daughter watching for him to come back is signifying her always thinking about him throughout her life. Towards the end when the now elderly daughter begins to travel through the overgrown, dried up riverbed is supposed to explain that she has died and is now travelling in the afterlife to see her father once again.

Father and Daughter – висок квалитет

Неговиот официјален веб-сајт во моментов е во изработка, така што повеќе информации можат да се најдат од втора рака, по најголемите сајтови за анимација и филмови. Последната анимација што ја има изработено е објавена во 2006 година, се вика „The Aroma of Tea“.

Бонус: The Monk and the Fish (Moine et le poisson, Le) (преку No Fat Clips!)

Firefox 3 доаѓа следниот вторник

Додека е актуелна третата кандидат-верзија од Firefox 3, стигна и официјалната вест дека на 17.06.2008 и официјално ќе биде објавена третата верзија од интернет прелистувачот.

The official date for the launch of Firefox 3 is June 17, 2008.

На Firefox 3 се работеше цели 34 месеци, сè со цел да се добие навистина завидна листа на новини. Не заборавајте на Download Day 2008 кога Firefox ќе се обиде да постави светски рекорд за најпреземан софтвер во текот на 24 часа. Сликичката погоре е официјалниот промотивен постер.

Минимал

Се минимализирав до даска! Ова е четврта визуелизација за мојот блог и досега е најлесна за очи.

Има многу функционални предности во однос на претходната тема и нуди далеку подобра интеграција на севкупните содржини на Паблишер. Уште поважно, темава е идентична во сите најкористени прелистувачи, па и за некомпатибилностите на претходната тема, се најде лек. Останува уште да почекам да излезе нова верзија од додатокот „Popularity Contest“ што ќе биде компатибилна со WordPress 2.5 и сè да си е на своето место.

Инаку, визуелизацијата се вика „Modicus theme“ – во изработка на Upstart Blogger.

Firefox 3 и about:config

Вчера (5.06.2008) беше објавена и втората кандидат-официјална верзија од Firefox 3. Јас сум презадоволен и изненаден од една интересна новина (што веројатно си постои од некоја рана бета на Firefox 3, но јас сега ја забележав). Еве во што се состои таа. Сите промени што би ги направиле преку „about:config“ во Firefox 3 се моментални, што би значело дека повеќе нема потреба од рестартирање на Firefox, пред тој да стане свесен за промените, направени во јадрото (регистарот).

Еве еден тест пример:

Повикајте го регистaрот на Firefox 3 со внесување на „about:config“ во адресната линија.

Додадете целобројна вредност (integer) со следново име:

ui.submenuDelay

и потоа доделете ѝ вредност нула (0).

Потоа отворете некоја од папките со обележуважи во лентата на Алатникот за обележувачи или отворете било кое подмени и ќе забележите дека нема да има пауза пред да се покаже содржината на поменито. Во тоа и се состои промената што ја прави целобројната вредност што ја внесовме во регистарот. Разликата помеѓу Firefox 2 и Firefox 3 е во тоа што, Firefox 3 не бара да се рестартира пред да ги освежи вредностите во неговиот регистар. Супер ефикасно!