Ubuntu 2.0 на македонски

Еве ја и локализираната верзија од мојата претходна позадина за Ubuntu. Се надевам дека ќе биде од корист. Во моментов работам на кирилична верзија од официјалниот фонт на Ubuntu, па за некој ден и тоа ќе следува…

Ubuntu 2.0

Уште една прилично едноставна и чиста позадина за работна околина на тема Ubuntu. Убаво стои. Па пробајте ја… :) Во меѓувреме се случи и подобрeната Hardy Heron Aurora, а посебно ми е драго што е сè погледана и попреземана. Трудот не бил залуден. :)

Hardy Heron for the masses


Ова е мојот придонес за најновото издание на Ubuntu – Hardy Heron. Инспирација: MacOS Aurora. Претпоставувам дека ќе има и втора верзија од оваа позадина.

Честитки за изданието и само напред. :)

Очај

Едноставно неверојатно… :D По сè изгледа дека сите пари на светот се малку за да се поправи имиџот на Microsoft Windows Vista. Се прашувам кој е врвниот тим што вака умешно работи во корист на конкуренцијата и на ГНУ/Линукс? Станува збор за интерно видео на компанијата, што „случајно“ го објавил некој вработен.

Извор
Врска до видеото